14:14 - 1 април, 2026

(Фото) Пенелопе Круз „авион“ на 50 години, градоначалникот на Рапало се пофали со гостинката во италијанскиот град

Шпанската актерка престојуваше со сопругот Хавиер Бардем и нивните два сина Леонардо и Лука во хотелот Асторија во живописното италијанско гратче Рапало во непосредна близина на луксузното Портофино. 

 


„Во многу позитивна сезона за туристизмот, дури и шпанската оскаровка Пенелопе Круз го избра нашиот Рапало за своите годишни одмори. Добредојдовте!“. Така градоначалникот на Рапало, Карло Бањаско, се осврнува на престојот во градот на шпанската актерка.

Пенелопе Круз направи краток одмор во италијанската област Тигулио откако го заврши снимањето на филмот за Енцо Ферари во Модена во кој ја игра Лаура, сопруга на основачот на Ферари. Актерката престојувала со сопругот Хавиер Бардем и нивните два сина Леонардо и Лука во хотелот Асторија.

Очилата за сонце, маската, а понекогаш и капата ѝ дозволуваа да остане незабележана, и покрај прошетката покрај морскиот брег и вечерите во ресторанот „Векиа Рапало“ и пицеријата „Везувио“. Секако, таа не пропуштила ни мало крстарење со брод со застанување во луксузното место Портофино.

И колку и да се обидувала да остане незабележана, папараците успеале да ја фоторафираат во костим за капење, а таа на речиси 50 години изгледа неодоливо.

инстаграм onlycelebrityandroyalty

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....