Виктор Живојиновиќ има нова љубов, а станува збор за Александра Гашиќ, девојка која не е дел од јавната сцена, но привлече внимание по објавите на социјалните мрежи.
Синот на Боба Живојиновиќ и Лепа Брена, по долгата врска со Софија Спасојевиќ, извесен период беше сам, а сега ја потврди врската со Александра. Таа се занимава со разубавување на жени, односно е професионална шминкерка.

Александра на Инстаграм ја следат речиси 50.000 луѓе, а според нејзините објави може да се забележи дека ужива во раскошен начин на живот. На нејзиниот профил има фотографии од луксузни дестинации, престижни ресторани и модерни комбинации.
Врската со Виктор ја потврдила со фотографии на луксузна јахта во сопственост на семејството Живојиновиќ, каде што двајцата уживале во романтична атмосфера додека го гледале зајдисонцето.
Според нивните објави, се чини дека нивната врска трае подолго отколку што се претпоставувало. Виктор и Александра биле заедно и на патување во Тајланд на почетокот на годината, но не е познато дали тогаш веќе биле во врска или токму во тој период се запознале.
