22:11 - 1 ноември, 2026

Бранко Ѓуриќ Ѓуро е бесен поради ЕЕС-системот: Која е целта на ова малтретирање?

Откако на граничните премини на Европската Унија за државјаните на земјите што не се нејзини членки почна да се применува новиот и значително построг систем на контроли, познат како ЕЕС (Entry/Exit System), ниту познатите личности не се поштедени од долгите колони и непријатностите. Во таква ситуација се најшол и босанскохерцеговски актер, режисер и музичар Бранко Ѓуриќ Ѓуро, кому новата процедура „му го кренала притисокот“.

Новите европски прописи предвидуваат на патниците од земји како Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Црна Гора при првиот влез во шенгенскиот простор да им се земаат биометриски податоци. Тоа подразбира излегување од автомобилот, скенирање на лицето и земање отпечатоци од прсти. Иако овој дигитален процес теоретски треба да ја олесни евиденцијата, во пракса предизвика огромни колони, незадоволство и повеќечасовно чекање на граничните премини.

Познат по својот остар јазик, актерот, кој со години живее во Словенија со своето семејство, не го криеше своето незадоволство и јавно се пожали на социјалните мрежи.

„Извинете, но ова задолжително фотографирање на луѓето на границата меѓу БиХ и Хрватска ме потсетува на „До, ре, ми… шизам“. Понижувачки е, во најмала рака. Која е целта на ова малтретирање?“, напиша Ѓуро на социјалните мрежи.

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....