11.8 C
Скопје
12:08 - 27 октомври, 2026

(Фото) Северина не ја крие среќата — со емотивна објава покажа како ужива на море со синот

Пејачката Северина Вучковиќ, како и многу други, одлучи ова лето да го помине слободното време на море. Таа одлучи да го помине одморот на Корчула во посебно друштво. Нејзиниот син Александар исто така одмара со неа, а пејачката сподели дел од приватните моменти од нивниот одмор заедно со своите обожаватели.

На објавените фотографии, мајката и синот позираат насмеани и прегрнати покрај морето за време на зајдисонце, а Северина накратко во објавата откри како се чувствува.

„За мене е среќа“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Објавата брзо предизвика низа реакции од следбеници и познати личности од домашната сцена. Меѓу првите што коментираа беа Матија Вуица, Љупка Гојиќ Микиќ и Соња Дворник, оставајќи пораки за поддршка, додека стилистот Марко Грубниќ напиша: „Мајки и синови, засекогаш посебна љубов…“.

Слични пораки споделија и следбениците, нагласувајќи ја моќта на мајчинската љубов и топлината што ја пренесуваат фотографиите.

Да потсетиме, на почетокот на јули беше донесена судска одлука, со која таа беше ослободена од обвиненијата за наметливо однесување во случај поврзан со долгогодишен спор за старателството врз синот.

Слични објави

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо
Се вчитува....