6.8 C
Скопје
08:52 - 27 октомври, 2026

Цеца првпат проговори за бебето на Анастасија: „Одам да се дружам со мојот внук“

Фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ за првпат јавно се огласи по повод раѓањето на синот на нејзината ќерка Анастасија и откри дека е пресреќна поради новата улога – улогата на баба.

Цеца заминала од Србија поради настап во Црна Гора, а новинарите ја затекнале на аеродром. Расположената пејачка кратко разговарала со медиумите и не ја криеше радоста поради доаѓањето на внукот.

„Ви благодарам. Не постои поголема радост, јас сум богата жена. Нема поголемо богатство од тоа кога се раѓаат внуци кои се здрави, убави и силни. Тоа е најважното“, изјавила Цеца.

Таа открила дека мајката и бебето се чувствуваат одлично, а раскажала и како се совпаднале датумите со нејзините обврски.

„Јас се вратив на 14 јули. Мислев дека ќе ме дочека да го завршам настапот на Топ Хил. Тоа беше нејзина желба – да ги закажам и двата настапи, бидејќи целото лето сакав да си го оставам за одмор. Јас се вратив на 14 јули, а таа се породи на 15 јули“, рекла пејачката.

На прашањето дали ќе организираат голема прослава, Цеца одговорила дека тоа не ѝ е најважно.

„Како и да е, нека си поминат убаво тие. Јас одам да се дружам со мојот внук“, рекла таа.

Пејачката потврдила и дека ја поддржала одлуката на Анастасија бременоста да ја задржи во приватност.

„Таа не ја криеше на некој посебен начин. Си функционираше нормално како секоја друга жена во бременост. Само не сакаше тоа да го објавува на социјалните мрежи. Сите ја почитувавме таа желба. Најблискиот круг пријатели знаеше од самиот почеток и сите ја почитуваа нивната одлука тоа да остане приватно“, објаснила Цеца.

На прашањето дали наздравила за раѓањето на внукот, пејачката со насмевка рекла дека обврските не ѝ дозволуваат прослава.

„Не, ништо. Нема славење кога ме чекаат обврски“, одговорила таа.

По настапот во Црна Гора на 17 јули, Цеца веднаш ќе замине во Севиља кај ќерката Анастасија и зетот Немања Гудељ.

Анастасија Гудељ се породила пред два дена и на свет го донела синот, кому родителите му го дале името Илијан.

Слични објави

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.
Се вчитува....