32.6 C
Скопје
10:42 - 7 август, 2026

Десингерица одговори на петицијата за забрана на неговите настапи во Црна Гора: „Тоа се лични фрустрации“

Контроверзниот српски рапер Драгомир Деспиќ, познат како Десингерица, се огласи по петицијата со која повторно се бара забрана на неговите настапи во Црна Гора, оценувајќи дека иницијативата доаѓа од мал број луѓе и дека нивните ставови не го претставуваат мислењето на мнозинството.

„Добро кажавте, поединци не ме сакаат. Тоа се нивни лични фрустрации затоа што се неуспешни во животот, па на овој начин се обидуваат да ги лекуваат. Границата на тоа што е прифатливо за секого е различна. Би рекол дека тие што го зборуваат и го пишуваат тоа не се во право, не се мнозинство и дека, генерално, никого не го интересира нивното мислење. Луѓето им се смеат и ги гледаат како будали“, изјавил Десингерица за српските медиуми.

Раперот повторно се најде во центарот на вниманието по неодамнешниот настап на црногорското приморје, каде што, според медиумските извештаи, повторно изведувал контроверзни сценски потези, меѓу кои и потстрижување на посетители за време на концертот.

Петицијата беше поттикната од објава на еден профил на социјалните мрежи што промовира природни убавини во Црна Гора. Во неа се осудува, како што се наведува, неговото однесување кон тинејџерите и се повикува угостителските објекти да не му дозволуваат настапи.

„Остро го осудуваме ваквото однесување кон тинејџерите. Како знак на нашиот став, на ова лице му забрануваме влез во нашите објекти. Можеби никогаш и не би дошол, но ако сите покажеме ист став, нема да има каде да дојде“, се наведува во објавата.

Во продолжение се додава дека е потребно да се заштитат децата и младите од содржини и јавни личности кои, според авторите на иницијативата, испраќаат несоодветни пораки.

„Доста е од нормализирање содржини и однесување што не се пример за децата и младите. Додека се трудиме да ги зачуваме вредностите, традицијата, културата и светилиштата што ни ги оставиле предците, сметаме дека треба да ги заштитиме и најмладите од содржини и идоли кои ги сметаме за штетни“, пишува во објавата.

Иницијативата предизвика поделени реакции во јавноста. Дел од граѓаните ја поддржаа, додека други сметаат дека одговорноста не треба да се префрла исклучиво врз изведувачот.

Инаку, ова не е првпат Десингерица да се соочи со критики во Црна Гора. Претходно и политичарот Владислав Дајковиќ изјави дека не ги одобрува неговите настапи и дека смета оти има лошо влијание врз младите.

Тогаш Десингерица возврати дека музиката треба да ги прави луѓето среќни и истакна дека никому не му наштетил, додавајќи иронично дека, ако навистина придонесува за туризмот, тогаш заслужува и црногорски пасош и престој во земјата.

Слични објави

По концертниот спектакл во Охрид, Слаткар на заслужен одмор се капеше со синот Моша

Е.А.

Бојана Скендеровски сподели фотографија од плажа и порача – „Ако постои рајот на Земјата, тогаш е тука“

Е.А.

Хороскоп за 7 август: Водолиите може да имаат конфликт на работа, Рибите ќе бидат отворени за промени

Еспресо

(Видео) Отпатуваа на нова луксузна дестинација – Дарко и Катарина Лазиќ уживаат во замок со огромен базен

Еспресо

(Фото) Маја Шупут во светкаво бикини блесна како морска сирена

Еспресо

„Девојката работи во неговите пекарници, прави бурек“: Јована Јеремиќ се огласи за поранешниот Драган и свршувачката

Еспресо
Се вчитува....