6.8 C
Скопје
08:53 - 27 октомври, 2026

(Фото) Моника Црнокрак со момчето ужива на планина: „Скриени места во лето“

Македонската манекенка Моника Црнокрак летните горештини ги замени со престој во планина, каде што ужива во одмор со својот долгогодишен партнер Виктор.

Со серија фотографии објавени на Инстаграм, таа им овозможи на своите следбеници да ѕирнат во атмосферата од нивното романтично патување.

Парот престојува во модерна планинска куќа со големи стаклени површини и поглед кон природата, а дел од амбиентот го сочинуваат винтиџ када поставена во собата, хамок меѓу дрвјата и простор за скара во дворот.

„Скриени планински места во лето“, напиша Црнокрак покрај фотографиите.


На објавите се гледа како таа ужива со шолја кафе во хамок, додека на други кадри Виктор ја прегрнува и ја бакнува. Најмногу реакции, сепак, предизвика фотографијата на која Моника позира во винтиџ када, додека нејзиниот партнер го овековечува моментот со фотоапарат.

Следбениците ја пофалија и романтичната атмосфера, но и изгледот на манекенката, а фотографиите за кратко собраа бројни лајкови и комплименти.

Моника Црнокрак и Виктор се во врска повеќе од шест години и често споделуваат моменти од заедничките патувања и одморите.

Слични објави

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.
Се вчитува....