21:07 - 8 ноември, 2026

(Фото) Ова е мајката на Тарик Филиповиќ: Актерот објави нејзина фотографија со посебен повод

Актерот и водител Тарик Филиповиќ на социјалните мрежи сподели емотивна објава посветена на својата мајка Сека, која го прослави својот 80-ти роденден.

„Мајчица… 80-ти роденден“, напиша покрај нејзината фотографија, на која позира со торта и букет во рацете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tarik Filipović (@tarikfilipovic)

Неговата објава ги воодушеви следбениците. Инаку, Тарик неодамна го прослави својот 54-ти роденден, а тогаш неговата сопруга Лејла Филиповиќ му посвети емотивна порака.

„Среќен роденден, љубов моја. Ти посакувам многу здравје, среќа и успех во сè што ќе посакаш. Нека ти се исполнат сите соништа, а јас секогаш ќе бидам тука покрај тебе – да те сакам, поддржувам и да го славам секој твој успех. Ти благодарам што си мојата сила, мојот мир и мојата среќа. Со тебе секој ден е посебен, а животот поубав“, напиша таа покрај нивна заедничка фотографија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lejla Filipović (@lejla.filipovic)

Тарик се огласи и по повод својот роденден, објавувајќи фотографија од детството.

„Роденденска… ‘За да станеш млад, ти треба време’. Пабло Пикасо. Ги сакам родендените… сакам да го очекувам тој ден, а кога ќе дојде, некако се чувствувам посебно… и сè уште го гледам со очите на дете… порано ги чекав подароците… сега подарок ми се луѓето за кои знам дека ме сакаат… и уживам во таа љубов како некогаш во велосипед, топка, дрес… и онаа празнина ден потоа кога сè ќе помине…“, напиша тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tarik Filipović (@tarikfilipovic)

„Го сакам тоа дете во себе… дете кое само на 30 години помислило дека е старо… а сега, кога мама по 54-ти пат направи торта, размислувам за она ‘годините се само број’… да, така е, но ретко се брои до сто… затоа да не броиме, туку да уживаме во соништата, желбите, најблиските луѓе и животните улоги… затоа што веќе следниот носи 55… па да се пофалам дека добив две петки…“, додаде тој.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....