16:16 - 8 ноември, 2026

(Фото) Објавена ранг-листа на фаворитки за Мис Универзум: Хрватката Лаура Гњатовиќ била шокирана на кое место се наоѓа!

Лаура Гњатовиќ ќе ја претставува Хрватска на светскиот избор за убавина Мис Универзум на 21 ноември.

Missosology е најпознатиот и најследениот портал специјализиран за избори за убавина и нивните предвидувања, а деновиве ја објави ранг-листата што предвидува како ќе изгледа изборот за Мис Универзум на 21 ноември.

Првото место го зазеде Мис Филипини, Ахтиса Манало, која била прва второпласирана на Мис Интернешнл во 2018 година.

На второто место ја пласирале претставничката на Колумбија, Ванеса Пулгарин. Таа ја развила својата кариера како манекенка во Австралија, а студирала новинарство.

Она што многумина ги израдува беше глетката на третото место што го зазеде хрватската претставничка Лаура Гњатовиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Missosology (@missosology_org)


Светските, како и хрватските медиуми, не престануваат да зборуваат за неа откако таа отпатува на светскиот избор за убавина во Тајланд пред неколку дена.

Лаура беше воодушевена и од пишувањето на порталот Missosology, па напиша на својот Инстаграм со емотикони во форма на срце: „О, Боже“.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....