8.8 C
Скопје
01:59 - 18 октомври, 2026

(Фото) Нина Бадриќ прикована за кревет: „Се лекувам…“

Пејачката Нина Бадриќ ги загрижи своите обожаватели откако се огласи од кревет, откривајќи дека се соочува со нарушено здравје. Поради покачена температура, таа била принудена да одложи дел од своите деловни и музички обврски.

И покрај сè, Нина се надева дека закрепнувањето ќе биде брзо и дека наскоро повторно ќе „застане на нозе“ и ќе се врати на сцената.

„Се лекувам, за да бидам подготвена за нови концерти“, напиша таа во еден од своите инстаграм-приказни, по што доби бројни пораки со поддршка од публиката.

Во следната објава, таа откри дека поради настинка и температура морала да го одложи концертот во Бихаќ.
„Поради настинка и температура морам да го поместам концертот во Бихаќ. Пронајдовме нов датум, благодарам на организаторите за разбирањето“, напиша Нина, притоа споделувајќи и симпатичен момент со својот миленик, кој ѝ прави друштво додека се опоравува.

Да потсетиме, Нина пред неколку години се сврте кон поинаков режим на исхрана, кој, како што вели, ѝ помага полесно да го одржува балансот во животот. Во тој период целосно ги исфрлила намирниците од животинско потекло.

„Откако се хранам на овој начин, моето тело е во баланс – кожата и косата ми се сјајни, а имам многу повеќе сила и енергија отколку порано. Моќта ми се утрои – и физички и ментално. Се чувствувам одлично, лесно, бистро и силно. На сите им препорачувам преку здрава исхрана да го зајакнат имунитетот, а килограмите природно се топат. Ова не е диета, туку начин на живот, а придобивките за здравјето се навистина огромни“, објасни таа тогаш.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....