16:03 - 31 јули, 2026

(Фото) Никогаш претходно видена фотографија: Вака изгледала Нина Бадриќ пред 34 години

Хрватската пејачка Нина Бадриќ сподели досега невидена фотографија од младоста на својот Инстаграм профил, која привлече големо внимание.

Бадриќ на фотографијата позира со Илан Кабиља, а со оглед на тоа што фотографијата е направена пред 34 години, нејзиниот младешки изглед привлече особено внимание.

 

Pogledajte ovu objavu na Instagramu.

 

Objavu dijeli Nina Badrić (@badrich)

„Последната Југовизија во Сараево, 1991 година. Илан Кабиљо и јас во тимот на Ивана Банфиќ како претставници на загрепското студио. Тогаш, деца полни со живот, убедени дека нашата музика ќе го промени светот и дека никој никогаш не слушнал што правиме (звучи познато?)“, напиша таа и продолжи:

„Во тоа време бев сосема непозната девојка, пеев придружен вокал за Ивана Банфиќ (и благодарам до небото за нејзината доверба), а Илан ја напиша и продуцираше песната. Кога некој мисли дека може сè да направи „преку ноќ“, јас би му рекла дека се потребни милион погрешни песни за да се стигне до вистинската. Илан и јас ја напишавме. Но, само неколку години подоцна“.

-1996 година, Сплитскиот фестивал и нашата песна „Ja za ljubav neću moliti“, ми значеше сè, на почетокот од мојата кариера. Ни таа песна не беше веднаш хит, но беше различна од сè што нудеше пазарот во тоа време и ја заинтригира публиката. Таа песна беше мојот отпечаток (а Дино Дворник беше единствениот што ме повика тогаш и ентузијастички рече: „Терај мала“). Патот до успехот, верувајте ми, сè уште трае 30 години – додаде таа.

Слични објави

Важеше за голем хуманитарец, а една песна му го промени животот – денеска се навршуваат 15 години без Луис

Е.А.

Ѕвездите носат пресврти: Што им носи првиот викенд во август на хороскопските знаци?

Т.Ц.

Маја Беровиќ за кариерата, рекордите и односите меѓу пејачите

Е.А.

„Јас синоќа една прецртав“: Марија Шерифовиќ си исполни голема желба, па откри која е

Еспресо

Обожавателка го гаѓала Слоба Радановиќ со чизма откако одбил да ја бакне

Еспресо

Каков живот води денес Иван Босиљчиќ? Еве што велат во неговиот роден крај

Е.А.
Се вчитува....