19.8 C
Скопје
12:43 - 2 мај, 2024

(Фото) Нема да ја препознаете Шехерезада: Убавата глумица „се стопи“ и стана русокоса

„Илјада и една ноќ“ е телевизиска сапуница со која започна инвазијата на турските серии. Во оваа тв серија главната улога, убавата Шехерезада, ја толкуваше талентираната актерка Бергузар Корел. Нејзината љубовна сага ја надополни глумецот Халит Ергенч, кој набргу потоа стана светски познат со улогата на Сулејман Величествениот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

Во тој период Халит беше во брак со друга турска актерка, но очигледно тешко му било да ѝ одолее на шармантната Шехерезада. На крајот, тој се разведе од сопругата, која во тоа време беше бремена. И покрај тешката одлука, Халит бил подготвен да тргне по патот на љубовта кој секако го водеше кон убавата Бергузар Корел. Од друга страна, Бергузар го остави своето момче со кое била долги години во врка, за да започне романса со Халит, иако ова – како што пишуваа турските медиуми – предизвикало драма во нејзиниот живот.

Ваквиот емотивен заплет од реалниот живот, кој беше проследен со огромно внимание од медиумите и публиката, дополнително придонесе за популарноста на серијата „Илјада и една ноќ“ и воопшто на турските телевизиски серии. Нивната страсна врска на и надвор од екранот стана предмет на голем интерес, а двајцата станаа познати ширум светот како симбол на турскиот актерски успех.

Овој период беше пресвртница не само за нив двајца, туку и за турската телевизиска индустрија, која набргу потоа ги освои срцата на гледачите ширум светот. Нивната приказна е уште еден пример за тоа како уметноста и реалниот живот можат да ги преплават глумците со емоции и да создадат незаборавни моменти за сите оние кои уживаа во овие серии.

Тие се заколнаа на вечна љубов на почетокот на август 2009 година, а нивната венчавка беше наречена „величествена турска свадба на векот“.

Оваа турска актерска двојка Бергузар Корел и Халит Ергенч ги освоија срцата на публиката не само со своите актерски таленти, туку и со романтичната приказна во реалниот живот.

По импресивната венчавка, Бергузар и Халит повторно застанаа пред камерите во 2016 година за нова турска серија.

Денес, убавата актерка не изгледа како поранешната Шехерезада. Ѝ бил дизајниран план за исхрана кој вклучува само сиров зеленчук, полуварено месо, и исфрлање на шеќер, производите од глутен и млечни производи.

Со оваа диета сопругот на Бергузар Корел (Халит Ергенч) успеал да ослабне импресивни 14 килограми, додека таа ослабнала 7 килограми. За време на напорните денови на снимање, актерите најчесто консумирале ѓумбир, зелени јаболка, цвекло, целер, тикви и салати од киноа.

Еве како денес изгледа Бергузар, која ја смени и нијансата на косата во руса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

 

Слични објави

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Како скриена камера: Здравко Чолиќ се венчал на 1 мај, еве и како

еспресо

Дарко Лазиќ отворено за интимата: Сакам перверзии, си купив и посебна „играчка“ за возрасни

еспресо

Дожд од пари: Два хороскопски знаци ќе се позлатат во првата половина на мај

еспресо
Се вчитува....