0.8 C
Скопје
22:20 - 18 декември, 2024

(ФОТО) НАЈУБАВИТЕ МАЛИ СТАНОВИ: Како да го уредите вашиот дом од 30-40m2?

Малите простори можат да се уредат модерно и функционлано, така што никогаш нема да посакате да живеете во поголем стан или куќа.


Рита Мелконијан е дизајнер на ентериер која има страст да украсува мали простори, а нејзиниот стил е мешавина од индустриски, модерни и рустикални елементи.


Рита живее сама во мал простор, па добро ги познава сите трикови што ќе го збогатат и разубават станот, кои може да се видат и на нејзиниот инстаграм – профил.


Нешто што прво ќе го забележите од нејзините „трикови“ се вертикалните плакари и бројни полици – додека преовладуваат материјали како дрво, метал, темни тонови кои се мешаат со светли нијанси, растенија, но и неочекувани детали како висечки лустери.


Погледнете како изгледа еден од становите што таа ги направила, од различни агли.

Уште еден совршен пример на микростан е во сопственост на блогерката Витни Ли Морис, која живее во Лос Анџелес со сопругот, синот и двете кучиња, а притоа и наоѓа место за гости во нејзиниот дом.

И има прекрасна тераса. Погледнете како изгледа нејзиниот простор.


Кери Локвуд живее во необична куќа во Лондон. Нејзиниот мал простор е исполнет со паметни идеи за складирање и убави детали кои и даваат личен допир на нејзиниот дом.

Куќата е украсена со многу зеленило во секоја соба, што е лесен начин да се разубави секој простор.


Диси Феј живее во мал стан во Квинс, со неверојатен поглед кон Менхетен. Неговиот простор можеби не е простран, но начинот на уредување, како и погледот кон градот, го прават совршен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Disi Fei (@champagneandsequins)

Ако и вие живеете во мал стан, постојат пет практични совети кои можат да бидат ваши упатства при украсување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Disi Fei (@champagneandsequins)


Направете го просторот навидум поголем со помош на огледала

Огледалата создаваат илузија на длабочина, ја рефлектираат светлината и го прават просторот посветол и поотворен. Со помош на завеси, можете да го направите просторот навидум повисок – кога ќе ги обесите, монтирајте ги држачите што е можно поблиску до таванот, бидејќи тоа ќе ги привлече погледите нагоре и ќе направи прозорците да изгледаат поголеми.

Внимателно изберете го вашиот мебел

Обрнете посебно внимание на големината и не купувајте парчиња кои се премногу големи за просторот што го имате. Нека големината на мебелот одговара на големината на просторијата која мора да ја измерите пред да ја купите било како парче мебел.

Користете бои за да ги разликувате областите

Во мали станови, вообичаен е отворен концепт, што може да го отежне препознавањето каде завршува еден простор, а започнува друг. Различни бои на ѕидовите можат да ви помогнат во тоа.

Изберете мебел што може да има повеќе намени

Кога секој квадрат е важен, не е лошо да купите парчиња што можат да имаат повеќе од една намена. На пример, маса со скриен оддел за складирање сигурно ќе ви се најде.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо
Се вчитува....