12.8 C
Скопје
21:23 - 25 септември, 2026

(Фото) На Жерар Пике му се „подоги“ САД, шпанските медиуми велат дека таму е неговата стара љубов: Еве која е таа и премногу е слична на Клара Чиа

Жерар Пике моментално престојува во САД, каде е во посета на синовите Милан и Саша кои живеат во Мајами со нивната мајка Шакира.

Поранешниот фудбалер има поминато многу време во САД низ годините, од претсезонските турнеи со Барселона до неговата работа во промовирање на спортски настани со Космос.

Интересно е што сега е откриено дека и една од неговите поранешни девојки живее во САД. Имено, како што пренесуваат шпанските медиуми, Пике имал љубовница пред Нурија Томас, Шакира и Клара Чиа, која се вика Ана Чека и која живее во САД.

Пике и Ана Чека беа заедно една година, помеѓу 2005 и 2006 година, иако нивната врска останува нешто како мистерија.

Во таа фаза од кариерата, Пике играл за Манчестер Јунајтед.

Иако поминале многу години оттогаш, шпанските медиуми тврдат дрка Пике и Ана одржуваат добри односи, а доказ за тоа е што нејзиниот Инстаграм профил го следи официјалниот профил на поранешниот дефанзивец на Барселона.

Чека моментално живее во Њујорк, па фановите се сомневаат дека повторно се гледаат. Претходно таа поминала извесно време во Мадрид, Дубаи и Лондон, и според некои медиуми, и во тие градови двајцата организирале средби.

Интересно е тоа што кога ќе се споредат фотографиите на  Ана, Клара и Нурија, постои голема сличност меѓу трите жени, и сите се русокоси.

Твитер

Сепак, Шакира беше досега најпознатата партнерка на Пике, но каталонскиот фудбалер со текот на годините се забавувал и со други жени, па прашање е колку е верен и на Клара Чиа.

Пике и Клара  неодамна го посетија Дубаи за нејзиниот роденден, пред Пике да замине на своето патување во Мајами за да ги види своите деца во нивниот нов град, каде што поминал со нив попладне на пица.

 

Слични објави

„Првата половина од мојот живот ја поминав…“: Марија Шерифовиќ донесе важна одлука на Бали

Еспресо

(Фото) Новата снаа на Брена се всели во станот на Виктор од 700.000 евра: Александра го покажа неверојатниот луксуз

Еспресо

(Фото) Торта на три спрата, скокалница и декорации – Сека Алексиќ го претвори дворот во игротека за роденденот на синот Јаков

Еспресо

„Својот труд го трошеше на луѓе кои тоа не го заслужија“ — Сузана Јовановиќ е разочарана од луѓето по смртта на Сaша Поповиќ

E.A.

„Одев по улица со синот и врескав на целиот глас“ — Стоја се присети на најтешкиот период кога ја избркале од дома со тригодишно дете

E.A.

„Агонијата трае 15 години“ — Гоца Тржан првпат му одговори на Иван Маринковиќ за ќерката Лена

E.A.
Се вчитува....