22.8 C
Скопје
23:54 - 9 септември, 2026

(Фото) „На пат да ги ‘лансирам’ бебињата“: Софија Ричи е бремена со близнаци?

Моделот Софија Ричи Грејнџ е бремена, а радосната вест дека го очекува своето второ дете со сопругот Елиот Грејнџ ја сподели на својот инстаграм-профил.

Во објавата, таа позира пред огладало прикажувајќи ја силуетата на своето заоблено стомаче.

„На пат сум да ги ‘лансирам’ овие бебиња“, напиша таа во описот.

Фото: Инстаграм/Софија Ричи

Моделот и нејзиниот сопруг, музичкиот извршен директор Елиот Грејнџ, веќе се родители на ќеркичката Елоиз, која се роди во мај 2024 година. Откако ја доби ќерката, идната мајка изјави дека конечно се чувствува добро во својата кожа. Во своето видео за „Вог“, објавено на 25 јули, Ричи зборуваше за посебната врска со своето мало девојче.

„Мислам дека токму тоа што имам ќерка ме натера да сфатам колку е важно да се чувствуваш самоуверено и без шминка. Многу ѝ зборувам за тоа. Смешно е, затоа што има само една година и речиси не зборува, но убедена сум дека ме разбира. Затоа имаме длабоки, длабоки разговори за животот“, додаде низ насмевка.

Фото: Инстаграм/Софија Ричи

На Мет Гала, Ричи Грејнџ даде изјава за својата модна комбинација и проговори за искуството на подготовките како нова мајка.

„Знаете што, беше убаво избалансиран ден — половина го поминав со бебето, а другата половина во најгламурозната вечер, испив шот текила, што одамна не сум направила. Се забавував и ова е првпат по долго време да излезам без сопругот“, откри таа.

„Ми недостасува вечерва, но толку сум среќна што сум тука“, додаде таа.

Слични објави

Само што се врати кај татко ѝ, веќе си замина – Ѓина Џиновиќ повторно ги спакувала куферите по еден ден во Белград

Еспресо

(Фото) Анѓелка Стевиќ Жугиќ сподели убава вест со својот сопруг – сите им честитаа: „Нека е со среќа!“

Еспресо

Кинеска астрологија која се темели на бенките на телото

Еспресо

Тамара отворено за љубовта: Му го проверив телефонот на Лука, а со видеото за раскинувањето претерав

Еспресо

Како да знаете дали сте претерале? Висок крвен притисок, главоболка и тахикардија се јавуваат при висок внес на кофеин

Еспресо

(Фото) Цеца по неколку години повторно влезе во вилата на Кипар: Луксузниот имот го купила на кредит, а сега покажа како изгледа

Еспресо
Се вчитува....