4.8 C
Скопје
05:47 - 26 април, 2024

(Фото) На одмор во Хорефто, една поинаква, живописна и домаќинска Грција

Според легендата, Хорефто било едно од местата на кое Боговите од Олимп ги поминувале своите летни периоди. На ова место, според митологијата, се венчале кралот Пилеј со нимфата Тетида и кралот Лапатон со преубавата Иподамија.

Местото Хорефто се наоѓа под селото Загора, во планинаската област Пилион, на оддалеченост на 57 километри од градот Волос. Од далечното минато е познато како пристаниште и посакувана дестинација на рибарите, поради кристално чистото море и богатиот морски свет. Оттука испловувале таканаречените „Бродови на Загора“ и пловеле по Егејското море до многу земји во Европа и далечниот Исток. Прославите кои ги следеле по враќањето од пловидба, го дале денешното име на ова преубаво, живописно место – Хорефто, во превод од „хорос“ што значи игра.

И во минатото и денес, Хорефто е инспирација на многу уметници, а тука познатиот поет Георгиос Дросинис, инспириран од пределите, ја напишал големата збирка на песни под насловот „Мир“.

Токму мирот денес е синоним за оваа летна дестинација. За разлика од бучните плажи во другите туристички центри во Грција, тука ќе добиете приватност и спокојство. Љубителите на велосипедизмот и планинарењето, можат да уживаат во патеките на Пилион, кој меѓу другото, поврзуваат и неколку песочни плажи, а гарантираат предизвик за искачување и неверојатни погледи на морето и природата. Поради планината, летната жештина не се чувствува, а комарци нема.

Во самото место Хорефто се простира плажата Хорефто, песочна и долга два километри. Лежалките и чадорите за сонце се бесплатни и следуваат со нарачан пијалок во некои од рестораните или кафулињата. Големата песочна плажа е добро опремена и уредена, а поради своите содржини погодна е за семејства со мали деца. Кон северот на плажата има мали местенца каде може потполно да се изолирате. Во близина на плажата Хорефто се наоѓаат неколку пештери кои можете да ги истражите и заливи со мали песочни плажи на кои можете речиси сами да уживате во сонцето и морето. Целата област е идеална и за нуркање и риболов.

Долж плажата на местото Хорефто се распоредени хотели, апартмани, ресторани, кафулиња, таверни, дуќанчиња за брза храна и палачинки, кои нудат вкусни јадења по цени многу поприфатливи од популарните туристички центри во Грција.

За оние кои сакаат активен одмор, сместувањето во Хорефто, ќе им овозможи лесно да стигнат до атракциите и другите интересни места, како на пример, селото Загора кое има импресивна планинска поставеност и од каде погледите на морето и природата се незаборавни. Негувањето на традицијата и форсирањето на домаќински понуди, го прави ова место исклучително и поинакво од останатите летни дестинации. Не заборавајте да дегустирате морска храна но и домашни месени специјалитети, како грчка пита и различни домашни слатка од локалните овоштарници. Всушност, во ова местенце морската храна, доколку сами ја приготвувате, е насекаде на дофат благодарение на бројните рибари кои секое утро нудат свежа риба и морски плодови. Локалните плантажи пак, со маслинки, гарантираат најгусто и највкусно маслиново масло со силна миризба на маслинки, додека љубителите на „ракиичката“ која одлично оди со мезе можат да ја дегустираат домашната ракија ципуро која потекнува токму од оваа област.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Moran Naftali Gilad (@naftalim)

Во непосредна близина на плажата Хорефто, на оддалеченост од 5-6 минути возење со автомобил или на половина час пеш, се наоѓа плажата Агиа Саранта, позната од грчките разгледници и промотивни брошури. Важи за една од најубавите плажи во овој дел на Грција. Долгата плажа со ситен, бел песок, може да се пофали и со кристално море кое се прелева во две нијанси на зелена и сина. Ја викаат „плажата од соништата“ и има оправданост за тоа. Доволно е изолирана и мирна, никогаш преполна, а опкружена е со бујна природа.
Сместување во Хорефто e по многу попристојни цени за разлика од популарните грчки дестинација, а може да се најде на сервисот „букинг“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by thomasvol (@thomasvol_)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bühler Pascal (@bhlerpascal)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by artemis1645 (@artemis1645)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Peggy Oikonomakou (@peggyeco)

 

 

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....