18:06 - 7 ноември, 2026

(Фото) Меган Маркл на вечера без принцот Хари: Секси изглед од 250 долари

Сопругата на најмладиот син на кралот Чарлс III била забележана во Санта Барбара во ресторанот Lucky’s вчера, на 13 август. Поранешната американска актерка носела трендовски бел топ од 250 долари од модната марка ANINE BING. Косата на војвотката од Сасекс била пуштена, а на својот летен изглед додала и златни кружни обетки.

Меган, очигледно, внимателно гледала во својот телефон во друштво на пријателите, а без принцот Хари, пишува Ројал фешн полис.

Во меѓувреме, принцот Хари е во Јапонија. На социјалните мрежи и во некои странски медиуми се шпекулира за проблеми во односите на сопружниците, и наводно одлучиле да живеат одвоено.

Хари и Меган се венчаа во 2018 година. Тие одгледуваат две заеднички деца – синот Арчи и ќерката Лилибет Дијана.

Во 2020 година, парот даде отказ од своите кралски должности и се преселија во Соединетите држави. Меѓутоа, по низата скандали и недоразбирања со роднините во Европа, сега тие се далеку од тоа да склучат мир со кралското семејство.

 

 

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....