23:08 - 29 јануари, 2026

(Фото) Меган и Хари никогаш посреќни, а на социјалните мрежи ги направија лом: „Нели не сакаа внимание?!“

И покрај тоа што неговиот татко и снаа се соочуваат со сериозни здравствени проблеми, тоа не го спречи принцот Хари да позира со насмевка на поло-натпреварот, на кој присуствуваше со сопругата Меган Маркл.

Принцот Хари и Меган Маркл завчера се појавија во шик летно издание на кралскиот поло натпревар на Флорида.

И се ќе беше во ред, доколку поранешните вработени членови на кралското семејство не ја наведоа желбата за приватност и помалата медиумска експонираност како една од причините за повлекување од своите позиции.

Изгледа дека војводите од Сасекс сепак сакаат да се фотографираат, па до настанот тргнале насмеани, рака под рака, а потоа трпеливо позирале. Меган во оваа прилика облече беж секси фустан  што наиде на многу негативни коментари на социјалните мрежи.

„Мислевме дека е приморана да носи еднолични беж тонови за да не се истакнува во кралското семејство, а сега не излегува од овие нијанси“, „Високи потпетици за на трева на поло натпревар. Не, никако?“, се дел од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ExtraTV (@extratv)

За тоа време, принцот Хари се обидуваше да се вклопи во модниот избор на неговата сопруга, па и тој облече бели панталони и кошула, а додаде и јакна во нијанса на нејзиниот фустан. Двојката изгледаше видливо расположена, и покрај настаните во Англија и сериозните здравствени предизвици низ кои минуваат неговата снаа Кејт Мидлтон и таткото, кралот Чарлс.

„Мислевме дека рекоа дека не им се допаѓа медиумското внимание? И затоа се повлекуваат…“, „Изгледаат прилично среќни поради сето она што му се случува на неговото семејство во моментов“, „Што е со желбата да не биде изложен на медиумите?” беа само дел од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by alexandra ☾ (@meghanmarlke)

Слични објави

Пејачката откри дали се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во емисијата: „Таа многу ме повреди“

E.A.

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо

(Фото) Која е ќерката на Драган Бјелогрлиќ? Во врска е со српски заводник кој го поврзуваа со 18 години постара Хрватка

Еспресо

Душица Јаковљевиќ призна: „Им реков на децата: ‘Што мислите, да станам лезбијка?’“

E.A.

(Фото) Сергеј Трифуновиќ ја покажа сопругата без шминка: Фановите воодушевени од нејзиниот природен изглед!

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Европските клинички стандарди во пракса

Еспресо
Се вчитува....