6.8 C
Скопје
03:14 - 20 октомври, 2026

(Фото) Манекенката Маја Глигоровска го покажа најважниот маж во својот живот

Манекенката Маја Глигоровска објави специјално видео со најважниот маж во својот живот. Таа не зборува многу за својата приватност, освен што објавува фотографии од своите убави патувања и излегувања. Овојпат, манекенката го покажа најважниот маж во својот живот.

Станува збор за татко ѝ, а на видеото Маја танцува со него на прослава. Поводот беше празникот Свети Димитрија, именден на татко ѝ, кој Маја со ова видео му го честитала.

Фото / Инстаграм

Глигоровска, поранешниот модел, а сега наставник во одделенска настава во основното училиште „Браќа Миладиновци“, вели дека е голем верник. Пред две години, Маја беше во манасатирот „Свети Василије Острошки“ во Црна Гора и за „Еспресо“ раскажа колку ова место ѝ помага кога ѝ е најтешко.

– Не ми е првпат да го посетам Острог, манастир со исцелителна моќ, каде најчесто луѓето на Св. Василиј Острошки му се молат за здравје. Бидејќи по посетата на ова светилиште многу болни оздравеле и луѓето посведочиле на секакви чуда кои се возможни само со помош и верба во Бога.

Јас се сметам за религиозна бидејќи се будам и заспивам со вера во Бога и неговата воља и молитва за мене и сите мои блиски. Овој последен пат Острог го посетив за крај на богородичните пости. Заминав таму за да си ја смирам душата, да ја почувствувам уште еднаш таа енергија, да преспијам и да присуствувам на утринската литургија – рече Маја.

Фото / Инстаграм

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....