15:43 - 7 ноември, 2026

(Фото) Мала радост во домот на Наталија, сопругата на Андреј од ДНК

По трагичната загуба на саканиот, Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на Андреј од „ДНК“ остана сама со нејзината ќеркичка Јана.

Оваа храбра жена неколкупати зборуваше на протестите кои се организираа како поддршка на семејствата на загинатите на 16 март лани во пожарот во кочанската дискотрека „Пулс“.

Наталија Ѓорѓиеска беше гостинка на хуманитарниот концерт со песни на групата „ДНК“ во Дизелдорф, Германија, посветен на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На концертот, во чест на „ДНК“, нивни песни пееја Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Елена Андоновска, Тина Русева и Сања Лефкова.

Андреј беше познат како голем љуботел на животните, а Наталија вчера сподели дека пред една година, во времето кога се случи трагичниот пожар, таа и ќерката почнале да чуваат мало куче кое е радост во нивниот дом.

„Ова големо бебе денес полни една година“, напишала Наталија до сликата од миленичето на Инстаграм.

Фото/Инстаграм

Слични објави

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.
Се вчитува....