-3.2 C
Скопје
00:59 - 18 декември, 2025

(Фото) Македонска страст во белгискиот двор на Весна Стојкоска: „Корените вечно ќе ги негувам, како што ги негувам и овие цвеќиња“

Со задоволство разговараме со Весна Стојкоска, прилепчанка, или како што вели – „родена и живеена тутунарка“. Дипломирала на трговското училиште, а во Белгија дошла во 1980 година, се омажила со Македонец, кој веќе живеел во Белгија, но често доаѓал во Македонија и така с епознавале.

– Си дојдовме овде, во Белгија, на почетокот ми беше тешко, многу влажна клима, јазикот не го знаев, се ми беше чудно – ја започнува Весна својата животна приказна. – За брзо време почнав да работам, јазикот бргу го научив со работата, после дојдоа двете деца, а со децата уште повеќе се учи.

И така Весна е во Белгија, во близина на Брисел, веќе цели 42 години. Оваа нашинка во Белгија љубовта кон цвеќињата си ја „однела“ таму.

– И во Македонија секогаш имавме убави цвеќиња. Тоа е како вирус, цвеќето сака љубов и одгледување како и едно дете – со насмевка ни одговара Весна.

Обожава орхидеи, има од нив повеќе од 26, но има и разновидни други растенија и цвеќиња.

– Имам летна стаклена просторија кадешто ги чувам – додава таа – имам и многу убави трендафили, а и секое убаво цвеќе што ќе го видам, го купувам. Тука се и сезонските цвеќиња и кога едно ќе се исуши, веднаш го заменувам за ново.

Весна обожава убави бои, такви и се цвеќињата, колоритни, раскошни.

– Во пролет моите лалиња се во најразлични бои, а и нарцисите се прекрасни, i mnogu drugi vidovi cve’e – ни открива и вели дека за да е убав дворот треба работа.

– Постојано сум по малку во дворот, работам, чистам, копам, средувам…

За Весна вистинско задоволство е кога има гости па со нив ја споделува оваа убавина, па кафенце, сокче, муабети…

– Македонија е моето родно место, преубаво, народот е приемлив, добар, убавини има насекаде, полиња, планини, реки, сè, за жал, многу малку има фабрики за народот да може задоволно да работи, за да не бегаат луѓето од таму. А и секоја работа треба да е платена – искрена е Весна и среќна што сме ја потсетиле на нејзините корени кои вели дека вечно ќе ги негува, на нејзинатародна грутка која секогаш си ја носи во душата, исто како што ги негува и чува своите цвеќиња.

Инаку, Весна е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во фотогалеријата.

Фото – приватна архива

(Фото) „Секој ден по неколку пати поминувам покрај секое цвеќе посебно“: Цветната приказна на Валентина Андонова

Слични објави

„Мојта прва сопруга е преубава, а никој не пишува за неа“: Ова е поранешната сопруга на Данило Икодиновиќ 

E.A.

„Срцето ми беше полно што е тука“: Саша Ковачевиќ ја поканил поранешната девојка на концерт иако не ја видел одамна

E.A.

(Фото) Ова е единствената фотографија од првата жена на Раде Шербеџија: Во песна признал дека е виновен за крахот на бракот со Иванка

E.A.

Нада Топчагиќ искрено проговори за изгледот на колешката Вера Матовиќ: „Направила убави операции, но не може да ги скрие годините“

apostolova

Сексуално ги вознемирувал колешките под дејство на дрога: Хрватски режисер трајно исфрлен од Друштвото на хрватски филмски режисери

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ ја покажа својата ќерка: По концертот на Саша Ковачевиќ, директно кај својата миленичка

Еспресо
Се вчитува....