16:25 - 9 ноември, 2026

(Фото) Ленче Кукиќ ужива во друштво на оваа позната личност од Србија

Ленче Кукиќ објави фотографија од дружбата со една голема ѕвезда од Србија, која е доста популарна и актуелна и во Македонија. И двете дами изгледат прекрасно на оваа фотографија.

Станува збор за Снежана Ѓуришиќ која е актуелна како член на жирито во српското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а Ленче Кукиќ покрај фотографијата со неа напишала: „Убава средба“.

Фото / Фејсбук

За дама со своите 66 години, Снежана секогаш изгледа свежо, негувано и природно. Иако низ годините била склона кон разни трансформации, популарната пејачка секогаш ја задржала својата мерка и својот идентитет кога станува збор за третмани за убавина.

– Освен ботокс, не правам ништо на себе, што не значи дека не би требало. Кога ќе почувствувам желба, ќе направам нешто. Не се плашам од третман, но се плашам од непрофесионални луѓе, а ги имаме многу – зборуваше пејачката неодамна за естетските корекции.

Ленче Кукиќ пак, неодамна ја изненади јавноста со големата промена на изгледот, откако успеа доста да ослабе што видно се забележува.

Таа не пропушта да каже дека е среќна што и нејзиниот син Иван исто така се посветил на музиката, а во исто време е среќна што го дели својот живот со Горан Кукиќ, кој е исто така музичар.

Слични објави

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.
Се вчитува....