9.8 C
Скопје
02:27 - 30 април, 2024

(Фото) Која е новата љубов на Леонардо ди Каприо: Бакнеж кој го заобиколи светот

Името на Виторија Черети можеби не им е познато на повеќето луѓе, но во Италија е добро познато. Убавата моделка беше лансирана на модната сцена уште во 2012 година, со победата на натпреварот за убавина Елит модел. Виторија е честа гостинка и на црвените теписи на популарните италијански фестивали и настани, а до сега носела креации на модните писти на најголемите италијански модни креатори.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vittoria Ceretti (@vittoria)

Сепак, светската јавност ја запозна во послено време откако стана дел од трач страниците, по бакнежот со Леонардо ди Каприо кој го обиколи светот.

По фотографиите кои ги овековечија ди Каприо и Черети како јадат сладолед во Санта Барбара, сега се појавија нови фотографии кои изгледаат непогрешливо. Ако на првите, всушност, може да изгледа дека меѓу двајцата има само пријателство или некаков работен однос (Черети направи и ситни чекори во филмската индустрија), последните папарацо снимки очигледно алудираат на многу повеќе.

Актерот и манекенката биле „уловени“ на вечерна забава на Ибица додека танцувале блиску еден до друг и разменувале бакнежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GIGILISA (@lisa_loves_vittoria)

Но која е новата љубов на ди Каприо?

Виторија Черети е италијанска супермоделка, по потекло од Инзино, во областа Бреша. Првата средба меѓу двајцата се случила во мај на филмскиот фестивал во Кан. Неколку месеци подоцна, летото, манекенката го напушти својот сопруг Матео Милери, професионален диџеј, со кој се омажи три години претходно на Ибица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vittoria Ceretti (@vittoria)

Нејзината кариера започна во 2012 година со натпреварот за убавина на Elite Model, кој ѝ ги отвори вратите за модните ревии во Њујорк, Лондон, Милано и Париз, но и како лице на кампањите – меѓу другите – за Шанел, Армани, Долче и Габана. Во 2021 година му се придружи на познатиот водител Амадеус на сцената на Фестивалот Санремо.

Черети на Инстаграм има над 2 милиони следбеници, а важи за една од најубавите млади Италијанки (25).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vittoria Ceretti (@vittoria)

 

Слични објави

Астропрогноза за вторник, 30 април: Подарок од универзумот за Лавовите, важен ден за Овните

еспресо

Велигденско јајце-чувар на домот: Што да направиме со стариот чувар на куќата кога вапсаме ново „прво јајце“

еспресо

„Жена од султана“ побегна од својот роденден: Пејачката донела неочекувана одлука и веднаш морала да реагира

Еспресо

Принова кај познатата двојка: Петар Грашо и Хана Хуљиќ го очекуваат своето второ дете

Еспресо

(Фото) Македонката Татјана Јанушева блесна на престижна модна ревија во Франција

Еспресо

Синот на Цеца ја расплака нацијата: Вељко Ражнатовиќ се откажа од паричната награда, еве за кого одат 5000 долари

Еспресо
Се вчитува....