02:48 - 8 ноември, 2026

(Фото) Која е ќерката на Драган Бјелогрлиќ? Во врска е со српски заводник кој го поврзуваа со 18 години постара Хрватка

Синоќешната белградска премиера на филмот „Свадба“, во кој една од главните улоги ја игра Драган Бјелогрлиќ (62), привлекла бројни познати личности од светот на филмот и јавниот живот. Меѓу нив, посебно внимание на фотографите и публиката привлекла неговата ќерка, Миа Бјелогрлиќ (29),

Елегантна, самоуверена и ненаметлива, Миа го следела филмскиот проект на својот татко и уште еднаш потврдила зошто е сè почесто е во фокусот на медиумите.

Миа Бјелогрлиќ е родена на 19 јули 1996 година во Белград. За разлика од својот татко Драган и братот Алексеј, кои тргнаа по актерскиот пат, Миа избрала поинаков професионален правец. Таа  завршила студии по политички науки и меѓународни односи, а денес е активна во медиумскиот простор како телевизиска водителка, продуцентка и авторка на општествено ангажирани теми. Особено се истакнала со феминистичкиот проект „Она се буди“, во кој зборува за женските права и важните општествени прашања.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia (@mia.bjelogrlic)


Иако е многу дискретна кога станува збор за нејзиниот приватен живот, Миа претходно го привлекла вниманието на јавноста со врската со популарниот српски актер Милан Мариќ. Нивната романса привлекла медиумско внимание, меѓу другото, и поради претходните врски на Милан, вклучувајќи ја и онаа со Хрватката Нина Виолиќ.

Нина е дури 18 години постара од него. Нивната романса започна во Белград, каде што Нина беше во посета, а Милан во тоа време имаше 24 години, додека таа имаше 42. Во тоа време, медиумите внимателно ја следеа оваа врска, која траеше само шест месеци, пред сè, поради нивната разлика во годините, што беше од голем интерес за јавноста, бидејќи динамиката помеѓу постара жена и помлад маж беше невообичаено изразена. Иако медиумите беа фасцинирани, Милан и Нина не сакаа да коментираат за нивната врска.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....