21:16 - 9 ноември, 2026

(Фото) Кијану Ривс пак ги освои фановите со топол гест: „Колку убав човек! Им подаде рака на сите…“

Кијану Ривс уште еднаш ја оправда титулата за најпријателски холивудски актер кога се појави во еден британски паб и со своето доаѓање ги воодушеви сите присутни, особено вработените.

Актерот моментално престојува во малото гратче Тринг, а слободното време решил да го искористи за да посети еден локален паб и на тој начин ги изненадил вработените кои ја споделиле приказната на Фејсбук страницата на пабот.

„Тој им подаде рака на сите“

„Денес имавме изненадувачки гостин на ручек. Колку убав човек. Го прашавме дали би сакал да се фотографира со екипата од кујната, а тој веднаш влезе во кујната, им подаде рака на сите и ја пофали храната. Непотребно е да речам, го разубави денот“, напишаа тие.

Вработена во пабот открил за британскиот Метро дека актерот нарачал пиво, риба и чипс и парче пита со месо во пабот и дека бил сам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katarzyna Bigaj (@kasia130573)

Миленик на јавноста

Добро познат факт е дека Кијану Ривс не живее типичен живот на славна личност.

Имено, и покрај огромното богатство, актерот не живее во замок ниту има телохранители, а сака да се вози во метро и да им помага на бездомниците, со кои често пие пиво.

Ривс е познат како многу скромно момче кое ги воодушевува обожавателите со своето однесување. Без разлика дали се поклонува на сцената или начинот на кој се фотографира со обожавателите, холивудскиот актер одново и одново ги воодушевува обожавателите со своите топли гестови.

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....