00:58 - 28 ноември, 2026

(Фото) Каспер ја запросил Мина Костиќ со вештачки дијамант кој во Америка чини 144 долари!

Српската пејачка Мина Костиќ е во јавноста веќе неколку месеци поради новиот партнер Мане Ќурувија, попознат како Каспер. Нивната приказна започнала кога тој стапил во контакт со пејачката преку Фејсбук, па по само неколку дена тие влегле во врска, а официјално се запознале по шест месеци преписка и сајбер-врска.

На почетокот на овој месец, Мане дојде во Белград и конечно ја виде Мина во живо за првпат, за која вели дека „ја сака 20 години“. Од првиот ден од нивниот престој во Белград, двојката секој ден гостува на телевизии и портали за да даде интервју и да зборува за тоа колку се сакаат, а во една од емисиите, Каспер дури и ја запроси Мина Костиќ со дијамантски прстен.

 

Фотографиите и видеата од свршувачката се раширија на интернет, а според некои извештаи – „Спомен“ (Memory), луксузен прстен од бело злато, со Вивид син лабораториски дијамант, со дијаметар од 7,5 мм и тежина од околу 1,6 карати, вреди околу 4.000 евра.

Меѓутоа, на социјалните мрежи имаше општа контроверзност околу прстенот – дали станува збор за вистински дијамант или за лабораториски примерок што може да се купи во Америка за само 144 долари.

Според доказите на интернет, истиот овој прстен, но лабораториски, вреди само 144,99 долари во Америка.

Да потсетиме, Мане Ќурувија Каспер во едно интервју изјави дека живее во Њујорк многу години, како и дека работи во јавна гаража каде што наплаќа за паркирање.

 

 

 

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....