13:42 - 28 ноември, 2026

(Фото) Канје Вест ги замени забите со титаниумски протези: Поскапи се од дијаманти!

Канје Вест ги извади сите заби и ги замени со титаниумски протези и уште еднаш успеа да го шокира целиот свет.

Раперот (46), кој моментално е вмешан во контроверзии откако беше обвинет дека наводно удрил фан кој барал автограм во 2022 година, гордо ја покажа својата нова светла насмевка во нова објава на Инстаграм.

Ексклузивната фотографија до која дојде DailyMail.com ги прикажува раскошните нови протези на Канје Вест – за кои извор откри дека се „поскапи од дијаманти“ и се дизајнирани од него самиот.

Во исто време, тој објави пост на Инстаграм од легендарниот негативец од Џејмс Бонд, Jaws.

Имплантот е нов хируршки модел и е уникатно дизајниран и изработен по нарачка за музичарот – а вкупната цена на протезата се шпекулира дека е 850.000 долари.

Сјајните нови заби на Канје ги постави д-р Томас Конели во Беверли Хилс заедно со Наоки Хајаши, познат забен техничар, а Конели изјави:

– Беше задоволство да се работи на секој чекор во текот на овој процес. Неговата визија да дизајнира уникатни заби кои се како уметничко дело, го надминува напредокот во стоматолошката индустрија. Спојот на неговата визија со напредокот во стоматолошката наука создаде нов изглед кој е епски!

 

Слични објави

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova
Се вчитува....