08:35 - 28 ноември, 2026

(Фото) Јордан Митев го покажа својот дом, овие детали се најскапи

Јордан Митев го покажа својот дом кој го уредил со вкус и важни детали. Пејачот објави видео на Фејсбук во кој им ја соопшти важната новост на своите обожаватели.

– Здраво на сите, се надевам дека сте ми добри, во добро здравје и расположение. Сакам да ве информирам дека на 31 декември за Нова година ќе гостувам во Швајцарија, во близина на градот Арау.

Сите кои сакате да ја дочекате Новата година во добро расположение и со одлична песна, повелете – рече Јордан Митев во ова видео.

А на видеото се гледа дека за него во домот се важни и најскапоцени деталите, иконите на ѕидот и старите и нови семејни фотографии кои се гледаат во позадина.

Фото / Фејсбук
Емотивна приказна раскажа Митев неодамна за својот син Кристијан кој се роди на 27 септември оваа година. Митев и неговата сопруга Славица ја имаат ќерката Кристина, која наполни две години.
– Почитувани пријатели и фанови. Наскоро излегува уште една моја нова песна, овојпат посветена на мојот син и на сите македонски синови коишто ќе се раѓаат во иднина – објави пејачот.

Слични објави

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.
Се вчитува....