00:47 - 5 септември, 2026

Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ имаат недвижност во Грција: Нема да верувате колку платиле за апартманот

Пејачката Јелена Томашевиќ и актерот Иван Босиљчиќ решиле да си обезбедат мирна оаза во Грција, каде што купиле стан на една од атрактивните локации.

Според пишувањето на српските медиуми, познатиот пар купил недвижност на таканаречениот „трет крак“ во делот од Грција кој не е преплавен со туристи од Србија, а со кој ги врзува и пријател кој живее таму.

Ова подрачје особено ги освоило поради природата, мирот и близината до Света Гора, што, според наводите на изворите, особено го привлекло Иван Босиљчиќ, додека Јелена уживала во малите крајбрежни градови и автентичниот амбиент.

Дополнителна предност им била и релативната близина до Белград, како и содржините адаптирани за семејства и деца, вклучувајќи ја и познатата фарма со коњи и магариња.

Иако не е познато точно колку квадратни метри има нивниот нов апартман, изворот наведува дека цените на недвижностите во таа област не се премногу високи, а еден пријател им предложил минатата година да ја искористат можноста и да си купат недвижност.

– Не сум сигурен колку платиле за станот и колку е голем, но како што слушнав, најмалите апартмани во таа област чинат околу 50.000 евра. Сигурно не го купиле најмалиот, па верувам дека платилеоколу 70.000 евра – истакнал извор за српски „Курир“ тогаш.

Кога новинарите претходно ја контактирале за да ѝ честитаат за купувањето, Јелена Томашевиќ останала мистериозна и кратко одговорила:

– Ви благодариме за вашите прекрасни желби. Тоа е наш сон отсекогаш! Се надевам дека еден ден и ќе го оствариме! – кратко порачала пејачката.

Да потсетиме дека ова не е нивна прва голема инвестиција во недвижности. Откако живееја во центарот на Белград во 2019 година, Јелена и Иван решија да се преселат во потивок дел од градот и во семејна куќа во населбата Шумице, веднаш до домот на покојниот актер Љубиша Самарџиќ.

Слични објави

Тони Цетински се појави на суд: Аферата со лажните ковид-потврди наскоро добива епилог!

Еспресо

Сузана Манчиќ за љубовта со Иван Гудељ: „Беше најпосакуваниот ерген во Југославија“

Т.Ц.

Миа Костова повторно реагира за жешките училници: „Да не јадевте гурабии пред две години, ќе ги климатизираа сите“

Еспресо

Ана Николиќ влегува во „Елита 10“: Ги поставила овие услови, а хонорарот е неверојатен

Еспресо

„Секогаш позитивен, енергичен, полн со живот, полн со љубов“ – Во Струмица ќе се подигне спомен-обележје за тапанарот Џоко од ДНК, кој загина во пожарот во Кочани

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ се испоти во теретана! Фолкерот се соблече, а жените останаа без здив!

Еспресо
Се вчитува....