16.8 C
Скопје
15:20 - 15 октомври, 2026

„Да ни е жива песната македонска“: Фолк Фест Валандово 2026 со посебен омаж за Никола Бадев

По повод 50 години од смртта на Никола Бадев, еден од најголемите и најпрепознатливи гласови во историјата на македонската народна песна, Фолк Фест Валандово 2026 ќе му оддаде посебна почит на великанот чие име остана запишано во музичката и културната меморија на Македонија.

Наградата за најдобра интерпретација на Фолк Фест Валандово што го носи неговото име е едно од најзначајните признанија на валандовската фестивалска сцена. Таа е посветена на изведувачот кој најубаво ќе ја пренесе песната, ќе ѝ даде живот на композицијата и ќе ја доближи до слушателот со искреност, чувство и вокална убедливост.

Наградата ќе ја додели неговата ќерка, Роска Бадева.

„Годинава навистина се вложени многу труд, енергија и љубов за Фолк Фест Валандово да добие модерно и достоинствено фестивалско издание. Верувам дека публиката ќе почувствува нова енергија, силна продукција и вистинска фестивалска атмосфера. Валандово повторно ќе живее со музиката и македонската песна.
Работевме посветено на секој детаљ, од сцената, светлото и тонот, па сè до организацијата зад сцената и телевизиската реализација. Нашата цел е публиката да понесе убави емоции, добри песни и чувство дека Фолк Фест повторно блеска со полн сјај. Искрено верувам дека ова издание ќе остане долго запаметено“, изјави техничкиот директор на фестивалот Ѓоко Павлов.

Фолк Фест Валандово 2026 ќе се одржи на 26 и 27 мај, под слоганот „Да ни е жива песната македонска“. Годинешното, 39-то издание носи две фестивалски вечери посветени на македонската песна, на авторите, изведувачите и публиката која со децении го препознава Валандово како град на песната.

На 26-ти мај, вторник, на плоштадот „Слобода“ во Валандово ќе се одржи претфестивалска вечер отворена за публиката, со препознатливи валандовски песни, фестивалска носталгија и настапи на Блага Петреска, Елена Велеска, Кате Соната, Христијан Божинов, Мишко Крстевски и Марјан Коцев. Вечерта ќе биде заокружена со мини концерт на Влатко Миладиноски.
На 27 мај, среда, во салата „Јанко Узунов“ во Валандово, ќе се одржи главната фестивалска вечер на која ќе бидат изведени 20 нови композиции. Музичкото водство е на проф. д-р Илчо Јованов, а преносот во живо ќе се емитува на МТВ 1, со почеток во 20.30 часот, информираат од Фолк Фест Валандово.

May be an image of text that says "ФОК Т 50 ОГОДИНи и ОД СМРТ ДСМРТТАНА TAHA НИКОЛА БАДЕВ"

Слични објави

„Мама и тато те сакаат најмногу“: Едита Арадиновиќ ги собра најблиските на голема прослава за нејзината ќерка Зои

Еспресо

„Ти си мојата најголема желба која ми се оствари“: Бојана Скендеровски со емотивна порака за роденденот на ќеркичката Искра

apostolova

Вечера за само 30 минути — запечени такоси со пилешко месо и кашкавал што ќе ги обожавате

К.С.

(Фото) Катарина Ивановска стана капетанка — македонската манекенка уживаше во едрење со саканиот и пријателите

К.С.

„Постоеше лек за мојот син, но не можевме да го добиеме во Македонија“: Ребека Јанковска за најтешката борба со болеста на Маркијан

apostolova

Зошто ви опаѓа косата? Овие се најчестите причини за кои можеби не сте знаеле

К.С.
Се вчитува....