13:36 - 4 ноември, 2026

Џејла Рамовиќ за концертот на Јаков Јозиновиќ и видеото што стана вирално: „Заљубено го гледав 10 пати“

Џејла Рамовиќ неодамна ја израдува публиката со нова песна со интересен и необичен наслов „1004“, а сега за порталот Гранд.рс отворено зборуваше за нумерата што веќе привлече големо внимание кај публиката.

Иако многумина се обидоа да најдат скриена порака зад насловот на песната, Џејла признава дека лично не се пронаоѓа во нејзината приказна.

– Не би се поврзала со песната „1004“, затоа што немам 1004 рани. Но верувам дека многумина имаат и дека лесно можат да се пронајдат – рече таа.

Покрај новата песна, Џејла последниве денови е во центарот на вниманието и поради настапот на концертот на Јаков Јозиновиќ, на кого му се придружи на сцена, а нивниот заеднички настап стана вистински хит на социјалните мрежи.

Пејачката призна и дека ретко ги гледа своите настапи и интервјуа, но оваа видеоснимка бил исклучок.

– Многу сум среќна поради тоа. Ја почувствувавме таа убава енергија додека бевме таму и додека ги правевме пробите. Се чувствувавме многу убаво и по концертот, пред тоа да стане толку вирално. Убавата емоција меѓу нас тројца резултираше со тоа да им се допадне и на другите луѓе. Јас сум од оние што никогаш ништо не гледаат за себе, интервјуа и настапи не ги прегледувам повторно. Но тоа видео го гледав заљубено 10 пати. Јаков е многу харизматичен и има прекрасна енергија. Не мора да се има толку многу песни за да се направи успех – рече таа.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Džejla’s rose (@dzejlasrose)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DZEJLA RAMOVIC (@dzejlaramovic)

Слични објави

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.

Естетиката на Југославија во 70-тите — предмети што будат силна носталгија за минатото време

E.A.

Хороскоп за 4 ноември: Ракови, не влегувајте во конфликти со оние кои имаат нешто против вас

Еспресо
Се вчитува....