15:47 - 4 ноември, 2026

(Фото) Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ по 10 години повторно прегрнати, ја славата матурата на Атина

Српската поп-пејачка Јелена Карлеуша објави фотографија на Фејсбук која  ги „запали“ социјалните мрежи! Јелена Карлеуша и нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ повторно позираа заедно со своите ќерки, како и претходно! Пригодата беше посебна – нивната постара ќерка Атина матурираше во престижно приватно британско училиште, а по тој повод била организирана церемонија на која присуствувало целото семејство.

Јелена објави фотографија на својот фејсбук-профил на која целото семејство позира прославувајќи го големиот ден на Атина.

Атина позирала во традиционална униформа за ваков вид церемонија, Ника ја ставила нејзината капа на својата, додека гордите родители се облекле специјално за оваа церемонија и заедно со своите ќерки позираат со насмевка на лицата, оставајќи ги проблемите зад себе, барем засега.

Атина пристигнала во еден хотел во Белград, облечена во раскошна жолта тоалета во придружба на нејзината мајка Јелена Карлеуша, додека Душко пристигнал малку порано, заедно со помладата ќерка Ника.

Душко се огласил директно од местото на настанот, споделувајќи емотивно видео од наследничката како ја прима својата диплома со широка насмевка, јасно покажувајќи колку е горд на овој важен момент во нејзиниот живот.

Според извор близок до семејството, Јелена и Душко седеле заедно во текот на настанот, се поздравиле учтиво и се однесувале исклучително коректно. Целата церемонија се одвивала во пријатна атмосфера, без тензии и непријатни ситуации, а фокусот бил исклучиво на успехот на Атена и прославата на нејзиниот голем ден.

Со насмевка на лицето, Атина гордо позира со своите родители и сестра, додека другите членови на семејството се елегантно облечени, следејќи го празничниот тон на настанот.

Атина носи долг жолт фустан со тренди сандали на висока потпетица и изгледа прекрасно.

Слични објави

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.
Се вчитува....