Овен
Постои можност од измама од страна на роднина или пријател, што ќе биде тешко да се прифати. Решавање на финансиски или други односи со лице во знакот на Бик, Лав или Стрелец. Постои можност за сериозни разговори и средби со таква личност, која вушност многу ќе ви помогне.
Бик
Уште во раните утрински часови ќе бидете ангажирани на повеќе страни, а тоа ќе ве исполни со стрес. Паузата искористете ја за кафе со блиските и опуштете се малку. Во рамките на семејството ќе слушнете убава вест која ќе ви донесе солзи радосници.
Близнаци
Доколку работите во образование или се занимавате со пишување, периодот кој е пред вас ќе биде многу плоден. Можен е договор кој ќе ви донесе голема финансиска сигурност. Ако сте невработени, можно е да бидете повикани на интервју каде што ќе блеснете. Искористете ја самодовербата што ја имате.
Рак
Непријатен конфликт со пријател може да ве вознемири или расплаче. Ова може да се однесува и на вашата љубовна врска, исто така. Некои дејствија од страна на некоја постара личност ќе ве натераат да размислите или да преземете некои непланирани одлуки и акции.
Лав
На работното место ќе се појави некоја нова личност која ќе ви го загрози работното место. Гест на внимание или подарок ќе добиете од лице во знакот на Близнаци, Водолија или Вага. Партнерот ќе ве испрашува за многу нешта за кои не сакате да зборувате.
Девица
Можеби ќе се нервирате и ќе се карате поради плеткањето на другите во вашиот живот, но подобро е да се смирите и убаво да размислите кого ќе го слушате, а кого ќе го игнорирате. Не им обрнувајте внимание на ситните озборувања и подметнувања на работното место.
Вага
Време е да почнете да го користите својот талент и да извлечете максимум од работата. Доколку работите во сферата на образованието или во некоја странска фирма, можно е пријатно изненадување. Ако сте невработени, ќе бидете вчудовидени од шансите кои ќе почнат да се појавуваат.
Скорпија
Давате максимум од себе и очекувате подобри времиња, но сепак, ве мачи неизвесност. Комуникацијата со колегите ви е многу воздржана и се плашите да не кажете нешто што ќе ви нанесе штета. Денеска ќе се чувствувате како жртва. Повеќе не можете да размислувате и да работите за двајца.
Стрелец
Направете мала дистанца и не дозволувајте му на партнерот да ве искористува. Доколку сте осамени, не пропуштајте ја поканата за кафе од една личност родена во земјен знак. На работното место ситуацијата не е најповолна, затоа смирете се, не предизвикувајте кавги.
Јарец
Ќе ставите крај на нешто, но ќе започнете друго што ќе биде еден вид чекор напред. Пријатни моменти поврзани со домот или живеалиштето. Ќе купите нешто за домот. Очекувани, но мали, финансиски тешкотии или проблеми.
Водолија
Оптимизмот ви е зголемен, но како да не е во склад со можностите кои ви се нудат. Ви претстои сериозен разговор со претпоставениот. Не дозволувајте импулсивноста да ви ги намали шансите за напредување. Во љубовта забрзано се зацврстува односот со партнерот.
Риби
Поволен развој на вашите активности и обврски поврзани со пари, имот и слично. Ќе им посакате добредојде на гости од странство во вашиот дом. Бидете подготвени за нови можности и поволни околности да постигнете некоја цел.
