Македонската спортска новинарка и водителка Јана Серафимова ќе стане мајка. Убавата вест стана позната по нејзиното појавување на свеченото доделување на наградите „Бизнис лидер“, каде што го истакна трудничкото стомаче.
Водителката на емисијата „Ферплеј со Јана“ присуствуваше на церемонија во Македонската филхармонија, облечена во гламурозен фустан од македонскиот моден бренд „Елена Лука“.
Со својот елегантен изглед, Серафимова го одбележа ова појавување во јавноста, откривајќи дека наскоро ја очекува нова животна улога – мајчинството.

