16:39 - 9 ноември, 2026

(Фото) Исплива ретка фотографија од Лепа Брена: Пејачката цвета од љубов во скромно фустанче

Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ важат за еден од најскладните парови на сцената, а во брак се неколку децении.

Брена и Бобa привлекуваат внимание каде и да се појават, а сега на интернет се појави нивна архивска фотографија која го привлече вниманието.

Како што е познато, Боба беше еден од најуспешните тенисери во своето време, а Брена беше негова најголема поддржувачка. На Инстаграм се појави фотографија на која се гледа како двајцата позираат на тениско игралиште. Слободан тогаш беше помлад и послаб, а со љубов гледа во славната Брена која се „топи“ покрај него и не може да ја сокрие насмевката на лицето.

Инстаграм

Потсетуваме, Брена неодамна проговори за нејзиниот брак со Боба.

„Ниеден брак не е идеален, таков не постои. Но ако луѓето се сакаат и се почитуваат еден со друг, ако ја имаат таа традиција, зашто и тоа се наследува, тогаш се може да се надмине. Покрај љубов, на луѓето им е потребно и почит, а таа треба да се стекне и да се заслужи. Ние во текот на 35 години заеднички живот, од тие 31 во брак, имавме различни ситуации, сешто ни се случи, и убаво и грдо, и мислам дека тоа уште повеќе не сплоти како брачни партнери и пријатели“.

(Фото) Лепа Брена направи хаос на геј свадбата во Шпанија: Се венчаа Србин и Хрват, пејачката ја вжешти атмосферата и заработила 50.000 евра!

Слични објави

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.
Се вчитува....