15:41 - 1 април, 2026

(Фото) Илон Маск купува замок во Тоскана, градба од среден век во близина на едно од најубавите села во светот

Италијанските медиуми пишуваат дека најбогатиот човек во светот, Илон Маск, „мерка“ и преговара за купување на историски замок во Тоскана, Италија.

За холивудскиот актер Џорџ Клуни, познато е, веќе е „половина“ Италијанец, бидејќи голем дел од времето го поминува во неговата омилена вила лоцирана на Лаго ди Комо, Италија.

Но трендот продолжува и кај Илин Маск кој веќе, според италијанските медиуми, преговара за замок во Тоскана, регионот во Италија познат по врвните вина, пршута и маслиново масло.

Не е шокантна веста, со оглед на тоа што пред само неколку месеци понуди 44 милијарди долари за купување на Твитер, но посебна вест за Италијанците дека најбогатиот човек на светот се заљубил во оваа средновековна градба, малку декадентна и сигурно има потреба од важна реставрација.

Маск би имал можност да му се восхитува на замокот за време на одмор, поминат во областа Сиена (а поточно во хотелите кои американскиот магазин за патување Travel + Leisure ги смета за најубави во светот, Кастиљон дел Боско) и исто така во близина на Фиренца.

Како што објави „Кориере ди Сиена“, Маск бил забележан пред неколку дена во близина на селото Буонковенто во кое се наоѓа градбата од средниот век.

Замокот го носи името Бибиано, кое произлегува од присуството во областа на водна птица слична на патка наречена „Бибио“ (на латински bibianum).

 

Слични објави

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....