20.8 C
Скопје
13:03 - 21 октомври, 2026

Крис Рок конечно ја возврати шлакницата на Вил Смит: „Не се сметам себеси за жртва“

За време на стенд-ап на 24 јули, комичарот Крис Рок го сподели своето мислење за несреќната шлаканица која ја доби од на Вил Смит. Инцидентот се случи на доделувањето на Оскарите во март.

Рок одби да се смета себеси за повреден во оваа ситуација и истакна дека одамна се опоравил од она што се случило:

„Оние кои велат дека зборовите болат никогаш не биле удрени во лице. Да, боли, но не се сметам себеси за жртва. Се опоравив од тоа с*ање и отидов на работа следниот ден. Нема смисла да се оди во болница со исеченица“.

Смит му удри шлаканица на Рок поради шега на сметка на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит. Актерката боледува од алопеција, додека Рок ја спореди со Деми Мур во филмот „Џи Ај Џејн“ поради многу кратката фризура.

По инцидентот, Смит со извинување донесе одлука да се повлече од Академијата. Одборот на директори на Академијата му забрани на актерот да учествува во настаните за Оскар во период од десет години. На истата церемонија, Смит доби Оскар за најдобар актер за „Кралот Ричард“.

Слични објави

Јелена Томашевиќ проговори за најголемиот срам кој го доживеала во кариерата

E.A.

Нема седатив за ваква љубовна болка: Марија Спасовска буди возбуда како алкохол во крвта со „100 промили“

Еспресо

Работам од 11 години, почнав со миење садови и продавање сладолед: Популарниот Талат од „Преспав“ се потсети на првите работни искуства

Еспресо

(Видео) Наташа Малинкова позираше со ќерката Султана: „Ние сме близначки“

К.С.

Зошто одеднаш стануваме алергични на работи што претходно не ни пречеле? Алерголозите објаснуваат што се случува во телото

К.С.

Петар Грашо за бракот со Хана Хуљиќ: „Имаме некој вид на душевен блутут“

Еспресо
Се вчитува....