4.8 C
Скопје
23:31 - 17 февруари, 2026

(Фото) Голема среќа за Татјана Лазаревска, фолк-пејачката откри убава вест од скопскиот аеродром

По 10 и пол години живот во Австралија и по речиси две години пауза, фолк-пејачката Татјана Лазаревска во јули се врати дома, во Македонија. Но, овојпат не дојде со комплетното семејство, туку само со едниот син, Петар.

Објавувајќи слики од скопскиот аеродром тогаш Лазаревска напиша дека дома си дошла едната половина од семејството Василевски. Вчера, Татјана објави убава вест од аеродромот и едно среќно видео, како нејзиниот сопруг Новица и синот Стефан пристигнуваат во Скопје.

„Втората половина Василевски пристигна. Цело е кога има сѐ“, напиша Татјана до сликата со најмилите. Во меѓувреме, таа имаше „турбо“ денови во родната земја. Беше во Битола, Скопје, Охрид и настапуваше на разни забави и прослави.

Во 2023, Татјана сними емотивна балада во која многу жени се пронајдоа со наслов „Жена хероина“. Татјана и нејзиниот сопруг Новица Василевски, неколку дена пред да заминат за Австралија, во септември во 2023 година, направија двојна промоција во скопски ресторан.

Една за баладата на Тања, друга за нивниот дует од „Охрид фест“, „Љубов ни е име“. И двата спота се снимани во Охрид на неколку места во продукција на „ИН ТВ“.

„Сите денови овде ми беа како сон, сето ова ми е како сон. Дури кога ќе седнам во авион, знам дека ќе плачам, толку многу спомени ќе носам од изминативе недели колку што сме тука“, рече Татјана за „Еспресо“ тогаш.

Во 2020 година, пред пандемијата, Татјана заедно со сопругот беше ангажирана околу уредувањето на нивната нова куќа, во Мелбурн. По пет години откако се преселија во Австралија, Татјана и Новица со синовите рекоа дека се среќни што живеат во сопствен дом.

Во новата куќа, тие симболично се вселија на 14 јануари, на Василица. На 20 јануари ја осветиле, а тоа е денот кога се преселиле во Австралија.

Слични објави

(Фото) Сања Маринковиќ знае како да ужива: Водителката позираше во костим за капење на одморот во Катар

Еспресо

Ова е последната реченица што ја кажал Шабан пред смртта: Сопругата Гордана и денес го памети неговиот поглед – „Тогаш ме фати паника“

Е.А.

(Фото+видео) Кога Јордан Митев пее, нашите во Канада уживаат: Спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда

Еспресо

„Се враќам на оној стариот Дарко“: Пејачот пресече, па откри како навистина живее

Е.А.

Поранешниот свршеник на Наташа Беквалац пристигна во Србија со убавата Доминиканка

Еспресо

Кој е претепаниот син на Снежана Ѓуришиќ? Двапати бил во затвор, девојка му страдала во сообраќајка што ја предизвикал

Еспресо
Се вчитува....