22:20 - 29 ноември, 2026

(Фото) Глетка која топи срца: Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер првпат го покажаа третиот син

Instagram

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ се породи пред нешто повеќе од седум месеци, а парот со голема радост и возбуда го пречека новиот член на семејството.

Во куќата на Бастијан Швајнштајгер и неговата сопруга Ана Ивановиќ се слават два Божиќа. Сега имавме можност да ѕирнеме во мал дел од домот каде што деновиве владее љубовта и празничниот дух.

Бастијан објави фотографија од семејството како подготвува новогодишни колачиња во форма на елка, а она што многумина особено ги израдува е фотографијата од преслатките раце на тројца браќа кои месат колачиња со мама и тато.

На бебето особено му се израдуваа нивните синови Леон и Лука, кои веруваме дека внимателно и со многу љубов се грижат за најслаткиот член на семејството.

Потсетуваме, Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се во хармоничен брак од 2016 година, а покрај новото бебенце ги имаат синовите Лука и Леон. Лука е роден во 2018 година, а Леон една година подоцна.

 

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....