14:18 - 29 ноември, 2026

(Фото) Емина Јаховиќ направи драстична промена: Многумина не ја препознаа!

Пејачката Емина Јаховиќ повторно ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи. За потребите на новиот музички спот, Емина направи смела промена и се појави со црвена перика, што предизвика лавина коментари од воодушевените обожаватели.

Иако експериментираше со фризури во текот на кариерата, Емина главно остана верна на својот изглед. Овој пат, таа одлучи да направи драстична промена, барем привремено.

Освен што со леснотија го менува стилот, Емина Јаховиќ е позната по својот негуван изглед и беспрекорна фигура. Нејзините фотографии во костими за капење редовно собираат илјадници лајкови, а многумина истакнуваат дека пејачката изгледа подобро од кога било.

Таа не крие дека внимава на исхраната и тренингот, а резултатите се многу видливи, и на сцената и на плажата.

Емина Јаховиќ неодамна се најде во центарот на вниманието откако откри дека надвор од работата нема никаква врска со Наташа Беквалац, со која има и дует.

– Наташа и јас не разговараме една со друга, не затоа што има некаков проблем, туку затоа што сме само колешки, не се дружиме. Сите сме дијаметрално различни, но кога се среќаваме, се прегрнуваме и се поздравуваме – истакна таа за „Скандал“.

Слични објави

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.
Се вчитува....