05:36 - 25 ноември, 2026

(Фото) Едни ја пофалија, други ја критикуваа: Фризурата на Јелена Ѓоковиќ на Олимписките игри може да се направи за миг!

Зимските олимписки игри во Милано и Кортина се меѓу најважните настани во овогодинешниот спортски календар. Најдобрите светски скијачи, лизгачи и хокеари на мраз се моментално во центарот на вниманието, а натпреварите ги следат внимателно многу познати имиња од различни сфери. Тука се филмски и музички ѕвезди, модни икони, но и тениски легенди. Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со сопругата Јелена уживаше во бравурите на врвните „специјалисти за мраз“.

Ноле се фатил за глава кога Иља Малинин го изведе „забранетото салто“… Познатиот тенисер бил исклучително воодушевен, а бидејќи и камерите го забележаа тој момент, видеото веднаш стана вирално. Неговата сопруга, со која го следеше финалето на екипното натпреварување во уметничко лизгање, исто така скокна од седиштето. Многумина забележаа дека Новак и Јелена Ѓоковиќ суптилно ги усогласиле своите стилови, што привлекло речиси исто толку внимание како и акробациите на мразот.

Хармонијата на тоновите била внимателно избалансирана: нежната нијанса на креацијата на Јелена ненаметливо се вклопувала со бојата на јакнaта на Новак. Минимализам со карактер. Но, нешто друго совршено се вклопувало во оваа софистицирана модна приказна – нејзината фризура. Толку едноставна, и елегантна. Всушност, тоа било најобична пунџа, секогаш популарната класична варијанта што лесно се обликува со собирање на косата и завиткување во круг (на задниот дел од главата, темето или вратот).

 

Оваа цврста пунџа во стилот на балерина е елегантна и идеална за посвечани пригоди. Или, пак, за спортски настани на највисоко ниво, што секако се Олимписките игри. Меѓутоа, ги имало и оние на кои не им се допаднал изборот на фризурата, кои веруваат дека е „премногу опуштена“ и дека Јелена Ѓоковиќ „можела малку повеќе да се потруди“. Интернет-заедницата понекогаш знае да претера во критиките, но модните ентузијасти го наградиле комплетниот стил со највисоки оценки.

 

Слични објави

Вики Миљковиќ откри зошто не оди на слава кај кумата Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Синот на Лепа Брена ја украси елката во станот вреден 700.000 евра – сите гледаат во необичниот украс на врвот

Еспресо

Секој има свој кат: eве кој сè живее во замокот на Драгана Мирковиќ вреден 50 милиони евра

Еспресо

Го напушти Мостар со 200 марки в џеб, преживеа семејна трагедија и стана една од најголемите регионални ѕвезди

apostolova

(Видео) „Мојата најдлабока болка и успех во исто време“: Сопругата на Кун од „2Бона“ отворено за процесот на замрзнување ембриони

К.С.

Кија Коцкар изненади многумина: „Мирна ми е главата кога немам кредити, а среќна ќе биде личноста на која еден ден ќе ѝ оставам сè“

Е.А.
Се вчитува....