05:46 - 25 ноември, 2026

Хоспитализиран таткото на Милица Тодоровиќ, иако одбивал лекарска помош: Потегот на мајката на пејачката сè уште се прераскажува

Пејачката Милица Тодоровиќ на 3 февруари се оствари во најубавата животна улога – стана мајка на син, кому му го даде името Богдан. Набргу по породувањето, Милица се соочи со тежок период.

Дополнителен стрес предизвикаа информациите за брачниот статус на таткото на нејзиното дете, како и јавното огласување на неговата сопруга, што дополнително ја искомплицира целата ситуација.

Инаку, Милица важи за една од најдуховитите пејачки на домашната естрада и често знае да се пошегува и на своја сметка.

Веселиот дух, по сè изгледа, го носи од дома. Тоа го докажа нејзината мајка Јасмина, која своевремено на Инстаграм објави видеа што насмеаја многумина.

Таткото на пејачката скршил коска на прстот на ногата, а на видеото што го споделила неговата сопруга се гледа како се советува со лекар околу најсоодветниот начин на лекување. Неговата реакција била урнебесна.

– Па што ќе правам сега со него? – го прашал Тодоровиќ докторот.

– Сега ќе одиш да ти стават гипс – му одговорил лекарот.

– Ќути, каков гипс! На тоа не прифаќам – рекол Милан, што ги насмеало сите присутни.

– Јас ѝ велам на докторката има убави очи, а таа пука од смеа. Го гледа прстот, а тој целосно накривен. Ма не давам никој да ме тегне, каков ортопед, не сакам гипс – раскажувал тој низ смеа.

Секако, сè било во шега. Таткото на Милица на крајот сепак прифатил лекарите да му пружат соодветна помош, а видеата, судејќи по коментарите, ги насмеале следбениците на мајката на пејачката.

Слични објави

Вики Миљковиќ откри зошто не оди на слава кај кумата Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Синот на Лепа Брена ја украси елката во станот вреден 700.000 евра – сите гледаат во необичниот украс на врвот

Еспресо

Секој има свој кат: eве кој сè живее во замокот на Драгана Мирковиќ вреден 50 милиони евра

Еспресо

Го напушти Мостар со 200 марки в џеб, преживеа семејна трагедија и стана една од најголемите регионални ѕвезди

apostolova

(Видео) „Мојата најдлабока болка и успех во исто време“: Сопругата на Кун од „2Бона“ отворено за процесот на замрзнување ембриони

К.С.

Кија Коцкар изненади многумина: „Мирна ми е главата кога немам кредити, а среќна ќе биде личноста на која еден ден ќе ѝ оставам сè“

Е.А.
Се вчитува....