08:21 - 29 јануари, 2026

(Фото) Едина Муса ужива во овој преубав поглед, објави специјална слика од синот Максим

Во февруари годинава, поранешната кошаркарка и фитнес тренер Едина Муса стана мајка. Таа и нејзиниот сопруг, поранешниот кошаркар Алексанар Димитровски- Мачка го добија синот Максим. Мачка ѝ е инаку поранешен сопруга на Тамара Тодевска со која има 2 деца.

Неодамна, таа го прослави својот 34. роденден. Таа доби голем број роденденски честитки од најблиските, кои ги сподели на социјалните мрежи.  Само неколку месеци по раѓањето на Максим успеа да се врати речиси до својата претходна физичка форма. Едина рече дека сака да мотивира и други мајки да не се откажуваат од грижата за себе.

Инаку, таа се занимаваше и со бикин фитнес, и успе да освои прво место на државно ниво и со тоа си обезбеди учество на светското првенство, кое се одржа во Франција во 2017. Таму, Едина беше рангирана како дванаесетта во целиот свет.

Фитнесот секогаш ми бил голема љубов, од секогаш сум го сакала како спорт. Од мојата 18-та година вежбам во теретана. Кошарка играм 20 години, и имам освоено доста награди, па затоа фитнесот го видов како нов предизвик“, рече спортистката во една прилика.

Едина Муса здраво се храни Фото/ Инстаграм

Сега има полни раце работа со синот, а на една фотографија,  таа објави дека здраво се храни покажувајќи на порцијата од нејзиниот ручек. На друга слика, Едина е со синчето, и ова е една од нејзините најубави слики досега објавени.

Едина Муса со синот Максим Фото/Инстаграм

Сликата е инаку од Маврово, каде што Едина со семејството ги полни батериите.

Погледот од куќата во која Едина одмара Фото/Инстаграм

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 29 јануари: Не брзајте со одлуките

apostolova

Прво огласување на Николија и Реља по шпекулациите за неверството на пејачот: Познатиот пар никогаш не бил поискрен за својот однос!

Еспресо

Бресквица откри зошто нема потреба од обезбедување: „Тие ме научија како да се однесувам“

E.A.

(Видео) Зошто Данијела Димитровска носела марама на главата во текот на целата венчавка? 

Еспресо

(Фото) Да се растопиш од милина: Прва фотографија на Огњен Амиџиќ со новородената ќерка

Еспресо

„Не ме интересира ништо на таа тема“: Се огласи Харис Џиновиќ откако Мелина беше фотографирана со новиот 70-годишен вереник

E.A.
Се вчитува....