22:44 - 7 ноември, 2026

(Фото) „Душа боли, и ќе боли“: Ана Костадиновска сподели тажна приказна

Ана Костадинвоска, придружниот вокал и професорка која го преживеа трагичниот пожар на 16 март во Кочани, сподели тажен спомен на своите починати другари.

Токму пред една година, во еден скопски ноќен клуб, таа настапила со нејзините другари од групата „ДНК“ кои загинаа во пожарот, а Ана секогаш ги нарекува „втора фамилија“.

Таа споделила фотографија од нивниот настап пред две години и стихови од песната „Твојте очи, мој сине“ која ја пее Тања Кочовска, а ја искомпонирал токму нејзиниот татко, Кире Костов. „Душа боли, и ќе боли“, напиша Костадиновска.

Фото / Фејсбук

Таа за само три години ги загуби своите најблиски личности. Во февруари во 2022 година почина нејзиниот сопруг Бобан, по само неколку месеци тешко боледување. Нешто повеќе од една година потоа, во јули во 2023 година таа го загуби татка си, легендарниот композитор Кире Костов, кој почина на 75 години.

На 16 март годинава, Ана остана без својата втора сестра, професорката по пијано Сара Пројковска, со која долги години ја делеа сцената како придружни вокали, а приватно беа како семејство.

– Загубив многу за мене значајни личности во релативно кус временски период. Но, сакам да верувам дека сум била почестена и привилегирана, макар накратко да ги имам покрај себе. Да, знам што е вистинска љубов, прекрасен родител и сестринско другарство.

Свесна сум колку е значајно, но и убаво да искусиш токму ваква убавина. Ова се зборовите што често ѝ ги кажувам на мојата ќерка, сакајќи да ја научам да не се задоволува со ништо помалку во иднина – рече Ана неодамна за „Слободен печат“.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....