02:51 - 7 ноември, 2026

(Фото) Џорџина Родригез и Роналдо ја покажаа нивната (преживеана) четиримесечна ќерка

Девојката на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ја покажа нивната четиримесечна ќерка која преживеа по тешкото породување. Џорџина Родригез на социјалните мрежи објави фотографија од девојче дотерано во симпатичен летен костум, фотографија направена за време на семеен одмор на море.

instagram

На 18 април 2022 година, манекенката стана мајка по втор пат, нејзината ќерка ја нарекоа Бела Есмералда.

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез очекуваа близнаци, но напаѓачот на Манчестер Јунајтед на 18 април 2022 година на социјалните мрежи ја објави смртта на едно од неговите новородени деца. Девојчето било спасено, но момчето починало. Според зборовите на фудбалерот, бебето не можело да преживее и покрај напорите на лекарите на кои им е многу благодарен. Спортистот јавно им се обрати на навивачите и новинарите и побара да покажат почит кон неговото семејство без да поставуваат прашања за трагедијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Двојката веќе има заедничка ќерка, Алана Мартина, која се роди во 2017 година. Фудбалерот го има и синот Кристијано Јуниор, кој е роден во 2010 година. И во 2017 година, сурогат мајка ги роди близнаците Ева и Матео. Џорџина Родригез им призна на своите фанови дека ги сака своите посинови и поќерка, како сопствените деца.

Претходно, девојката на Кристијано Роналдо три месеци по породувањето покажа неверојатна фигура во бикини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by georginagio (@georginagio__)

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....