22:19 - 9 ноември, 2026

(Фото) Бритни Спирс загрижува со однесувањето: По хаосот и расправијата си заминала боса

Бритни Спирс и нејзиното момче станаа главна тема на медиумите откако дошло до голема расправија меѓу двајцата.

Службата за итни случаи морала да одговори на инцидентот меѓу пејачката и нејзиното момче Пол Ричард Солиз кој се случил во хотелот Шато Мармонт во Лос Анџелес рано наутро во четвртокот.

Според изворите, дошло до расправија,додека биле во овој луксузен хотел. Портпаролот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Брајан Хемфри, потврди за „Пејџ сикс“ дека повикот кон 911 (бројот за итни случаи во САД) се случил околу 12.42 часот.

Извор изјави дека Спирс го напуштила хотелот со обезбедување и дека сега е „дома и на безбедно“. Инаку, сведоците на настанот велат дека го напушта хотелот боса, во долна облека, завиткана во ќебе додека во рацете држела перница.

По инцидентот, извори ексклузивно изјавија за „Пејџ сикс“ дека пријателите на пејачката сè уште се многу загрижени за нејзината врска со Солиз.

Во август 2023 година, се појавија гласини дека Спирс „зближува“ со Солиз, нејзиниот поранешен куќен помошник, но упатените во тоа време велеа дека се загрижени за пејачката со оглед на неговото криминално минато. Судските записи, претходно добиени од страна на „Пејџ сикс“, покажуваат дека тој бил обвинет за повеќе прекршоци, па дури и за кривично дело затоа што поседувал огнено оружје.

Потсетуваме дека Бритни се разведе со Сем Асгари, а разводот беше завршен минатиот четврток.

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....