16:49 - 31 март, 2026

(Фото) Бакингемската палата сподели редок портрет на кралицата Елизабета на годишнината од нејзината смрт

Портретот е направен во октомври 1968 година од британскиот фотограф Сесил Битон.

На 8 септември 2022 година, кралицата Елизабета Втора, најдолготрајниот монарх во историјата на Обединетото Кралство, почина на 96-годишна возраст. Тоа беше еден од најнезаборавните моменти на 21-от век пренесуван преку вестите низ телевизиските канали ширум светот и радио станиците. Во Обединетото Кралство започна 10-дневна жалост, при што луѓето чекаа 24 часа во редици пред Вестминстерската опатија за да ја покажат својата почит кон починатата кралица.

Една година подоцна, Бакингемската палата објави досега необјавен портрет на покојната кралица, првично направен во октомври 1968 година од Сесил Битон.

„Додека ја одбележуваме првата годишнина од смртта на нејзиното височество и моето доаѓање на тронот, со голема наклонетост се сеќаваме на нејзиниот долг живот, посветена служба и на сето она што таа значеше за многумина од нас“, рече нејзиниот син, кралот Чарлс Трети во изјава за новинарите. „Исто така, длабоко сум благодарен за љубовта и поддршката што ни ја покажавте на мојата сопруга и на мене во текот на оваа година, бидејќи даваме се од себе за да ви служиме на сите вас“, додаде Чарлс Трети.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

На портретот, кралицата Елизабета е фотографирана на 42 годишна возраст во кралски костум и кадифена наметка, со скапоцена тијара на главата. Тиарата има вкрстени кругови обложени со блескави дијаманти и бисерни додатоци. Таа му позира на фотографот со мала, воздржана насмевка.

Сликата првпат беше прикажана накратко на изложба на портрети на Битон во Националната галерија на портрети во ноември 1968 година. (Во тоа време, ова беше првата ретроспектива на жив фотограф во Британскиот музеј.) Кога изложбата заврши во март 1969 година, фотографијата се врати во архивите и никогаш повеќе не беше прикажана на јавноста.

 

Слични објави

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.
Се вчитува....