16:04 - 1 ноември, 2026

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ покажа кој се грижи за нејзиниот син Илијан во Севиља

Анастасија Ражнатовиќ, која пред неколку дена го доби синот Илијан, на Инстаграм ја сподели првата снимка од нивното бебе на инстаграм-стори.

Пејачката девет месеци успешно ја криеше бременоста, а јавноста дозна дека станала мајка дури по породувањето. На видеото што го објави се гледа како сестрата на нејзиниот сопруг Немања Гудељ, Вања Гудељ, се грижи за својот внук и им помага на новопечените родители.

„Тетка на должност“, напиша Анастасија во описот на објавата, додавајќи ја песната „No Stress, Just Vibes“.

Screenshot/Инстаграм

Инаку, името Илијан потекнува од името Илија, кое има длабоки библиски корени. Изведено е од хебрејското име Eliyahu, што најчесто се толкува како „Бог е мој Господ“ или „оној што му припаѓа на Бога“. Во некои култури, името Илијан се поврзува и со сила, светлина, вера и заштита.

Пред неколку дена Анастасија првпат се огласи по породувањето, споделувајќи видео со инспиративна порака.

„Без разлика каде си во животот, запомни дека си токму таму каде што треба да бидеш“, напиша таа.

Screenshot/Инстаграм

 

 

Слични објави

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Алка Вуица се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Жал ми е што не ти напишав повеќе песни“

К.С.

Почина Мишо Хрњак, басистот на легендарната „Азра“ — неговата музика одбележа генерации

К.С.

Денеска е Светскиот ден на веганството — што се случува со организмот кога ќе престанеме да јадеме животински производи?

К.С.

(Фото) Билјана Дебарлиева прослави 32 години брак со сопругот Јован — нивната љубовна приказна започна во Охрид

К.С.
Се вчитува....