24.8 C
Скопје
10:21 - 16 август, 2026

Почина легендарната Оливера Катарина, една од најголемите уметници на просторите на поранешна Југославија

Оливера Катарина Шакиќ, една од најзначајните уметници на просторите на поранешна Југославија, почина на 87-годишна возраст, пишува Telegraf.rs.

Веста за нејзината смрт ја соопшти нејзиното семејство. Информациите за комеморацијата и погребот ќе бидат дополнително објавени.

Оливера Катарина беше актерка и пејачка, која во текот на повеќедецениската кариера остави неизбришлива трага во домашната и светската уметност.

Најголемата слава ја стекна со улогата во култниот филм „Собирачи на пердуви“ на режисерот Александар Петровиќ, кој беше номиниран за Оскар и награден на Филмскиот фестивал во Кан. Покрај впечатливата актерска кариера, беше препознатлива и по својот единствен пејачки израз, настапувајќи на престижни светски сцени и во концертни сали. Објави и неколку книги, потврдувајќи го својот талент и во книжевноста.

Родена како Оливера Петровиќ на 5 март 1940 година во Белград, од самиот почеток на нејзиниот живот зрачела со извонредна уметничка енергија и уште во детството покажувала наклонетост кон различни форми на уметност.
Во 1962 година дебитираше во претставата „Коштана“.

Меѓу другото, нејзиниот живот го обележаа многу љубовни авантури и бракови. По неславно завршениот двегодишен брак со критичарот Вук Вуча, влезе во романса со Ратко Дражевиќ, која ѝ отвори многу врати во светот на филмот.

По седум години љубов, Оливера тргна по нов пат и се омажи за Миладин Шакиќ, тогашен потпретседател на Владата на град Белград, со кој го доби синот Манe Шакиќ, кој денес ги следи мајчините уметнички стапки, но во сликарството. За тоа колку била зaносна сведочи фактот дека на нејзиниот шарм не му одолеал дури ни Јосип Броз Тито.

„Го запознав Тито првпат кога ја снимав ‘Нишка бања’. Одеднаш слушнав дека Тито е во студиото, а тој седнал зад камерата и ме гледаше. Го отпушти камерманот за да ме снима сам. Вторпат беше кога со сопругот Миладин Шакиќ чекавме Нова година. Ми пријде ни Милан Вукос и ми рече дека Тито сака да му пеам. Тука не можеше да се каже ‘не’“ – се присети таа.

„Секогаш добро реагираше кога пеев и му се допаѓав како појава. Еднаш кога се појавив, Јованка го поттурна и рече: ‘Еве ти ја‘. Тоа го слушнав. Можеби беше љубоморна“ – додаде Оливера.

Постои приказна дека по еден од нејзините концерти, славниот Салвадор Дали клекнал пред неа, но Оливера Катарина вели дека тоа не е целосна вистина.

– „Дојде во мојата гардероба по концертот, ме прегрна и ми ги покажа дланките: ‘Што направивте? Ми ги запаливте рацете’. Многу познати луѓе доаѓаа. Сè започна со успехот на филмот, а потоа продолжи со мојот личен успех“ – истакна југословенската филмска и музичка дива.

Оливера особено се истакна со улогата во филмот „Собирачи на пердуви“, за кој беше наградена на фестивалите во Москва и Венеција. Емотивната интерпретација на песната „Еден ден по крајот на светот“, компонирана од легендарниот Шарл Димон, остана забележана како еден од нејзините поголеми.

Во 2017 година, по повод педесетгодишнината од филмот „Собирачи на пердуви“, таа се врати во Кан на филмскиот фестивал, каде што ја отпеа познатата песна „Џелем, џелем“, споделувајќи го својот раскошен талент со публиката ширум светот.

Слични објави

Луксуз до бескрај: Најдобрата пријателка на Лепа Брена објави видео од јахтата „Лејди Би“

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 16 август: Не се откажувајте, но внимавајте на непромислени потези

apostolova

Лидија Вукиќевиќ ги откри и тајните за совршената линија и разводот

E.A.

Инстаграм vs реалност – Ивона Јо покажа приватни фотографии, еве што се правело зад сцената

apostolova

Марина Петровска, велнес-советник: Понекогаш една одлука донесена од љубопитност може да ти го промени животот

Еспресо

Бресквица конечно ја откри вистината за аферата со Лука Дончиќ и стави крај на шпекулациите

Еспресо
Се вчитува....