23:10 - 7 ноември, 2026

(Фото) Ана Николиќ ги покажа сестра си и баба си: „Велат дека сум иста како неа“

Пејачката Ана Николиќ сподели фотографија од своето семејство, откривајќи како изгледаат нејзината сестра Јелена и баба Олгица, која денес го прославува својот 87-ми роденден.

На објавената фотографија, сестрата и бабата позираат прегрнати и насмеани, а пејачката им посвети емотивна порака:
„Роденден! Те сакаме многу, бабо… Твојата Тара, Ана и Рале“, напиша таа.

Ана неодамна отворено проговори за односите во своето семејство, тема за која со години не сакала да зборува.

Таа се осврна и на односот со својот брат Марко, со кого долго време соработувала и професионално, но денес не се во добри односи.

„Моментално не разговараме бидејќи сме како две мазги. Во еден период ме претвори во ‘растение’, а јас тоа не можам да бидам. Помеѓу работа, пари и брат, го избрав брат ми. Го сакам исто како што ја сакам и Тара. Ќе го поправиме односот, но кој ќе го врати времето? Времето кога симнував 50 килограми, кога за ќерка ми се грижеа дадилки. Не можев да ја носам насекаде, бидејќи детето има свој ритам, така е и денес“, изјави Ана.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....